MAMAДом и семејство

Скопјанката Слободанка отворено зборува за посвојувањето на ќерката и првата средба со неа: Моментот кога ми ја дадоа во раце јас станав мајка!

Advertisement

Патот до родителство понекогаш знае да биде тежок и мачен. Денес голем број парови се соочуваат со тешка битка да добијат деца по природен пат. Се почеста пракса станува и инвитро оплодувањето. За оние пак кои што сите медицински можности се пробани останува еден благороден чин,  а тоа е посвојувањето.

Скопјанката Слободанка Рустемова е жена-мајка на две небиолошки деца. Откако таа и нејззиниот сопруг се соочиле со 18 макотрпни години во обиди да остане бремена на крајот докторот ги посоветувал да почнат да размислуваат за посвојување дете.

Advertisement

Слободанка во емисијата „Мамавизија“ отворено раскажува за тоа дека не размислувале и веднаш тргнале по патот за којшто не знаеле ништо.

фото: Фејсбук

Многу читала и се едуцирала на таа тема. И покрај тоа што н ивните очекувања биле дека ќе чекаат долги години за да добијат одговор дали ги исполнуваат условите, среќата им се насмевнала по само една година. Добила телефонски повик во кој ја известиле дека добила ќерка.

Нивната ќеркичка Сара ја добиле како бебе, денеска таа е среќно девојче.

Advertisement

Големината и убавината на ова семејство е во тоа што по Сара помогнале на уште едно дете без родителска грижа од СОС Детско село.

  • Кога се разболев од рак, тој период се исплашив и многу размислував Сара да не остане сама. Така со сопругот почнавме да ја разгледуваме опцијата да посвоиме уште едно дете. Процедурата за посвојување второ дете е многу тешка, па затоа одлучивме да  згрижиме момче, однодно братче на Сара. Станавме згрижувачко семејство и многу сме среќни поради тоа – вели таа.

Целата инспиративна приказна може да ја погледнете на следниот линк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOS Detsko selo (@sosdetskoselo)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button