Скопјанката Александра со нејзините раце може да направи магија од вашата прослава

Сезоната на свадби започнува, ние сме тука да ви помогнеме околку вашите подготовки. Следното интервју е со една креативна мама од Скопје која со своите раце може да направи магија од вашата прослава.
Александра Јосимовска од скопската населба Железара е млада мајка на две деца, која слободното време си го исполнува со креативна работа. Изработува рачни изработки за свадби, крштевки, родендени…
Јосимовка од тинејџерските години се занимава со креации и од ништо може да направи нешто.
Не брои колку изработки имала досега бидејќи комплетно ужива во нејзиното хоби кое полека прераснува и во работа. Од неодамна таа на инстагарм и фејсбук отвори профили каде што ги прикажува своите уникатни изработки.
Во продолжение низ нашиот разговор со неа ве запознаваме подетално.
1. Од кога започнавте да правите рачни изработки? Кој ве научи?
– Започнав да се занимавам уште од моите тинејџерски години. Не ме научи никој од најрано детство уште како мала отсекогаш сакав креативни изработки и отсекогаш сум била многу креативна.
2. Како започнува вашата приказна за ваков бизнис?
– Приказната за идејата започна најпрво од мојата најблиска другарка па и моите најблиски дека треба некаде да ги споделам моите изработки што ги изработувам. Па така решив да отворам инстаграм страна и facebook страна за споделување на изработките и вооедно започнување на нов бизнис, бидејќи мене ме исполнува креативната работа.
View this post on Instagram
3. Што изработувате?
– Изработувам декорации со балони за роденден, крштевка , девојачки, декорации на свеќи за свадба, крштевка, декорации на кутии за подароци , покани за свадба , роденден , крштевки , китенки ,венчиња за на врата за свадба, хартиени торти , кесички , рамки со слики , пињати и.т.н.
View this post on Instagram
4. Што е најтешко да се направи? Зошто е тоа најтешко?
– Мене лично ништо не ми е тешко да изработам затоа што ова го работам со многу љубов.
View this post on Instagram
5. Од каде го добивате идеите?
– Идеите најчесто ми доаѓаат сами, но и пребарувам се што е поврзано со темата откако ќе ја договорам темата со клиентот па ја изработувам по мојата замисла
6. Од кого добивате најчесто нарчки, мажи, жени, мајки, баби, невести…. Што најчето ви бараат?
– .Најчесто нарачките се од жени, мајки , поретко од мажи. Најчесто нарачуваат тематски роденден со балони декорации , картички со чоколатца , декоративни кутии за крштевки и декорација на свеќи .
View this post on Instagram
7. На која изработка сте најгорда? Со што би се пофалиле? Коллу време ви одзеде?
– Најгорда сум секако на декорациите околу роденденот на моите дечиња и на декорациите за моите најблиски еве ќе издвојам декорацијата што ја правев на тема со мачето Mary . Па целосната изработка на сите пропратни ситници за комплетната декорација на темата отприлика една седмица.
View this post on Instagram
8. Мајка сте на две мали деца, како постигнувате да го работите ова? Дали е ова е ваша примарна работа?
-Па секогаш наоѓам време за изработка на некоја декорација , се комбинирам со сопругот секогаш е тука да помогне околу дечињата за да можам да стигнам со секоја нарачка. Не е моја примарна работа се заминавам со административна работа па ова ми релаксација после сите административни работи.
9. Дали лесно се наоѓат материјали за работа?
– Кај нас некои работи се наоѓаат лесно ,но некои и не многу работи нарачувам преку роднини од надвор кои ми се од голема помош околу набавките за нешто што не може да се најде кај нас.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram