Скопјани седнале во ресторан во Охрид и останале без зборови кога келнерката им ја донела сметката
Биле изненадени од тоа колку требало да платат за посен ручек во еден охридски ресторан

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Гостите постојан се жалат на превисоки цени, едни мислат дека е прескапо, но има и тави кои размислуваат малку поинаку.
Во Македонија постојат неколку места кои важат за ексклузивни и како такви се подразбира да се поскапи од останатите кога станува збор на пример за цената на некои услуги, потоа цените во рестораните и кафулињата. Па така и во Скопје во просек е поскапо отколку во помалите градови, а тоа секако важи и за некои места како што се Охрид и Маврово на пример.
И затоа често се случува на социјалните мрежи да се појави сметка од некој ресторан или хотел од овие места, па ќе предизвика бурни реакции од кој најмногубројни и најгласни се оние негативните.
Приватна архива
Но дали е тоа секогаш така?
Имено, овие денови во Инбокс на нашата официјална страница Гламур магазин ни пристигна сметка од еден ресторан во Охрид која што ни ја испрати еден наш редовен читател од Скопје. Тој заедно со неговото семејство претходниот викенд го поминал на ова место во нашата преубава земја, па сега добронамерно сакаше да не „предупреди“ за еден ресторан во кој што седнале да ручаат, а кога им дошла сметката, биле и повеќе од изненадени.
Конкретно оваа сметка што ни пристигна на Фејсбук, овој пат од еден од нашите најубави градови познат и како Балканскиот бисер, изнесува околу 2500 денари и предизвик голема полемика најпрво кај нас во редакција, но и кај сите останати со кои поразговаравме.
Приватна архива
Еве за што станува збор
Имено, во морето негативни коментари и бројни критики дека Охрид е прескап посебно за време на празниците и во летната сезона, мислењето на овој наш читател кој ни ја испрати сметката е во најмала рака речено дијаметрално спротивно. Како што самиот вели, станува збор за ресторан кој се наоѓа во близина на станот во кој што престојува, на едно 100-200 метри од пристаништето, а кој веќе со децении постои и отсекогаш важел за место со одлична храна и услуга.
И како што самиот вели овој наш читател, ова можеби е и единствениот пат во време на пост да успее да се најаде човечки, со вкусни посни јадења, и на крај да си замине со полн стомак, иако не к’снале ништо „мрсно“. Но и да се опушти со по некоја чашка алкохол.
Тоа се однесува и за останатите членови од неговото семејство, односно сите уживале во вкусните јадења, а за сите заедно на крајот требале да платат само 2460 денари.
Приватна архива
Во продолжение ќе ви наредиме по ред што сé изеле и испиле ова четиричлено семејство, па сами проценете дали и во Охрид навистина има места кои се поевтини од повеќето ресторани во Скопје.
Од она што може да го видиме од сметката, за две порции тавче-гравче кое го служат во грне и со печен зеленчук платиле 500 денари, додека две порции посен микс 400 денари.
Може да се види и дека порачале четири салати, најверојатно затоа што постат, а за нив платиле вкупно 840 денари додека целта целата сметка изнесува вкупно 2460 денари.
Приватна архива
Очигледно тие не се двоумеле што да порачаат (не е познато колку биле на број), а на крај цената пријатно ги изненадила.
Па, што мислите вие – дали ова семејство навистина си поминало евтино или 2500 денари за ова јадење и не е баш малку?
И дали знаете некој ресторан што би сакале да ни го препорачате и кој заслужува да го објавиме како заради услугата, така и заради вкусната храна и пристојните цени?
Коментирајте на нашата Фејсбук страница …