БизнисПрепораки

Скопјанец се изненaдил кога на оваа бензинска ја видел сметката за кафе – и тоа за едно мало еспресо!

Вие ни пишавте, ние објавивме...

Advertisement

Мало еспресо, цента – за некои преголема!

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.

И додека во регионот многумина се изненадени од цените во угостителските објекти, посебно на туристичките места во текот на сезоната, за што често можеме да прочитаме и во порталите, нам овие денови во Инбокс ни пристигна порака со слична содржина, но за едно место што сите многу добро го знаеме.

Имено, овој пат не станува збор ниту за ресторан, ниту пак за хотел, туку за една позната бензинска пумпа, на излезот од Скопје, каде ова лице било непријатно изненадено од цената на едно обично кафе.

Advertisement

Фото: Фрипик

Еве што ни напиша тој:

Со неколку пријатели застанавме на бензинската што се наоѓа на излезот од Скопје, кон патарината за Велес, да си купиме кафе (името на бензинската нема да го откриеме, но претпоставуваме дек сите барем еднаш во животот сте застанале на ова место да наполнит гориво или да направите пауза и да испиете кафенце.

Advertisement

„Е сега, оваа бензинска иако е една од оние поголемите, нема како во многу други бифе и рачно да ви направат кафе, туку продаваат жетони“, пишува овој наш анонимен читател.

Приватна архива

Тој потоа објаснува дека во бензинската има неколку апарати за кафе, од различни познати компании за кафе, исти како оние големите што ги има и на улиците и каде кафето се продава дури и по 20 денари.

„Ќе се изненадите кога ќе ви кажам колку платив за едно мало кафенце еспресо од Lavazza на еден од овие автомати?“

„Неверојатни 75 денари, а кафето исто како и она што секој ден го пијам на работа, од апаратот што стои во ходникот на местото каде што работам, пишува овој сограѓанин, очигледно видно револтиран од цената“.

Приватна архива

„Не ми е јасно како таму кафето се продава по 25 денари, тука за истото еспресо треба да платите три пат повеќе?!“, вели тој.

„Со овие пари било каде низ Скопје, на било кој автомат, може да купите три кафиња, но не и на оваа бензинска“, заклучи ова лице кое истовремено ни испрати и неколку фотографии.

Приватна архива

Па што мислите, дали тој е во прво и дали оваа бензинска како грижа кон своите корисници треба да ја намали цената на кафето?

Или барем да биде иста како во другите бензински…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button