Реклама
Секс

Школа за заведување – летен курс за мажи

Реклама

Во четвртиот продолжеток на единствената школа ги обработуваме темите за успешно продолжување на младата врска која се уште е во пелени.

Маркетинг

Освен угледот и добриот глас, најлесно е да се загуби жена – потрудете се тоа да не ви се случи!

Маркетинг

 Станете мајстор на трпението 

Главниот совет гласи: било што и да правите, не дозволувајте да излезете од такт. Кога младата дама ќе доживее нервен слом предизвикан од фактот дека ни после 234 приговори не сте ја спуштиле даската во WC-то, вие останете ладни како шприцер. Кога во таа кавга ќе го наброи секој ваш пропуст од времето на големиот потоп до сега, само се смешкајте. Кога во целата приказна ќе биде уфрлена и вашата екипа, пијанствата, приговорите за негрижа за нејзините суптилни потреби, чорапите по каучот и фактот дека секогаш за време на сексот инсистирате да се облекува како медицинска сестра во униформа – само прегрнете ја нежно и прошепотете: „Да знаев дека толку многу ти смета, никогаш тоа не би го направил“. За да утре работите си дојдат повторно на место, купете и ’опрема‘ на француска собарка и продолжете си по свое.

 Одењето на море нека биде по ваше 

Таа сака романтично и мирно летување на ’далечен‘ остров. Вие сакате да одите во градот кај што ќе биде целата ваша екипа и кај што ќе има журкање до бесвест. Таа сака Дубровник, Халкидики…вие сакате Макарска, Миконос…Како да биде по ваше? Едноставно – бидете секогаш барем чекор пред неа. Испланирајте го патот барем месец дена однапред, направете резервации, платите учество. Ако кутрата и понатаму инсистира на своите дестинации, треснете со раката по маса и викнете: „Па зарем не може еднаш да биде по мое!?!“ Во истата секунда станете од столот и излезете од дома, па самозадоволно бројте ги минутите до телефонскиот повик во кое таа ќе се согласи на сé! Па треба да се знае кој е машко во врската мајку му…

alt

 Одете контра 

Во задржувањето на жените клучна работа е задржувањето на интересот. А бидејќи сите жени најпрво биле девојченца, па дури после девојки, логично е како работите од секогаш биле по нивно и како во најголем дел случаи се размазени – само што тоа никогаш нема да го признаат. Нивниот најголем пример – татко им – секогаш сé им дозволувал, го правел она што го посакувале и им симнувал ѕвезди од небото. Таа и од вас ќе го бара истиот третман, а посебно ќе бара неповредливост на сопствените ставови, одлуки и предлози. Е, не може!
После иницијалното глумење на добар тип, полека почнете да го покажувате правото лице. Бидете контра! Кога таа сака да оди на пијачка, вие предложете дискотека, кога сака на кино, вие предложете утакмица, кога таа сака прошетка, вие предложете гледање филм. Кога сака да оди на палачинки со другарките, вие испарете надвор со екипата. Сложете се само кога ќе посака секс!

 Воздржете се.. од расправии! 

alt

Карањето со жените не води никаде. Жените не го ценат вистинските аргументи, бидејќи тие се секогаш во право, па затоа е најдобро и да не започнувате расправа. Игнорирањето е машкото оружје против женското лудило. Тие се спремни на сé освен на сталоженост. Иако веќе ве познава, нејзиниот ум – затровен од детинството исполнето со меѓусебна женска злоба, завист, оговарање, правење сплетки и кубење за коса – не го разликува ставот воздржување од кавга. Жените ја познаваат кавгата како основен друштвен алат за меѓусебна комуникација. И овде лежи вашата сила. Ако започне да крши работи околу себе, вие правете се како ништо да не се случува. Кога ќе започне да се заканува со самоубиство, кажете и нека се убие. Ако ви рече дека ве остава, покажете ú ја вратата. Кога конечно ќе почне да плака, отворете едно пиво и прославете го штотуку купениот мир за наредните пола година.

 Заборавете на долгите телефонски разговори 

alt

Жените имаат таков ментален склоп во главата, кој постојано им повторува: „Телефонот е твој најдобар пријател, телефонот е твој најдобар пријател…“ тие не знаат дека телефонот служи за да кажеш: „Еј здраво, каде да се видиме? Кога? Треба ли нешто да се донесе? И Чао.“ 35 секунди, плус – минус. За жените телефонот е средство за преживување, важен колку и кислородот и храната. Откако цел ден го поминала во работа или учење, отпосле била на 4 кафиња, цел ден го дужела на мобилен и мртва уморна дошла дома, жената сепак прво теба да повика три другарки, сестра ú, мама…како би зборела два саата што ú се случувало во последните 15 минути. И природно, истата слушателска улога ќе ја очекува и од вас. Сето тоа е убаво, фино и се така, но што е премногу – премногу е! За да не завршите со тумор во мозокот, веднаш започнете со теледисциплина!

 Имајте на ум дека не сте единствениот на светот 

Без разлика на сите корисни совети, имајте ум една работа – околу вас живеат и дишат и други мажјаци! Вашата мила и драга секој ден доаѓа во контакт со останатите од нас, кои едвај чекаме да запознаеме друго женско, односно со нејзе – вашата мила и драга. Нас, останатите мажи воопшто не ни е гајле што таа е во врска, што ве има вас и што вие ја сакате најмногу на светот. Ние знаеме дека сме подобри и позгодни од вас, дека имаме подобри фори во ракавот и дека се дружиме со пооткачена екипа. Затоа – внимание! Секога бидете на штрек! Не залетувајте се во конфликти без добра причина. Истражувајте со кого се дружи, каде се движи, каде оди после факс или работа. Каде е кога не е со вас, пребарајте ú ја торбичката, шпионирајте го мобилниот, следете ја кога ќе се опјави прилика. На кратко кажано – станете женско! Затоа што во војна и љубов, сé е дозволено!

   alt

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button