Скокна во тавче нашиот пејач кој за СВОЈАТА ЉУБОВ зборуваше со солзи – невестата како од бајките
Невестата блескаше на свадбата, младоженецот во никогаш посреќно издание

Пејачот од бендот „2Бона“, Марио Јелиќ – Кун, го кажа своето судбоносно „да“ пред саканата Исидора Арнаудова.
Марио и Исидора веќе одамна се заедно, а сега склучија и брак во црква, по што следуваше и свадбената церемонија.
Невестата блескаше во долг бел фустан, со длабок шлиц, корсет и романтични детали од тантела, а носеше и долг вел на главата.
Инстаграм
Марио носеше елегантен црн костум и бела кошула, а нивниот прв танц беше полн со емоции и сите ги воодушевија.
На нивната свадба имаше и бројни познати лица, а меѓу нив и нивниот пријател, јутуберот Стефан Лазаров.
Инстаграм
Кога љубовта е голема, животот е бајка
Потсетуваме, Марио и неговата сакана Исидора (28) која има салон за убавина во Скопје, веќе подолго време се во врска.
Инстаграм
Нивната силна љубов неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста, по едно интервју на Марио токму кај Лазаров.
Инстаграм
Имено, Марио тогаш отворено зборуваше за проблемот што го има неговата сакана заради кој нема да може да остане бремена.
Тогаш нивната приказна допре до голем број луѓе затоа што пејачот покажа колку ја сака својата девојка и дека нејзината состојба никогаш нему преставувало пречка тој да остане со неа.
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Имено, Исидора има вроден синдром заради кој не може да остане бремена, па затоа планираат да добијат деца преку сурогат мајка.
Инстаграм
Благодарение на медицината, која е напредна, сега имаме успешни 3 ембриони кои чекаат само да се лансираат во сурогат мајка, која ќе ги износи 9 месеци и ќе имаме наши деца со наши гени.
„Во нејзината ситуација, ова е благослов, зашто нејзиниот синдром (кој инаку има повеќе форми), овозможува да може да има свои деца, има здрави јајца клетки што се спојуваат со семето на мажот и можеме да створиме ембриони“, изјави тогаш Марио.
Инстаграм
„Но јас ќе останев со неа и да немам деца. Мене ми е битно да сум среќен и да не бегам од дома. Мене ми е убаво да седам со неа дома. Не ми треба ништо повеќе од дружбата со моите браќа, со мојот кум во студио, после да одам дома со мојата жена, да имам фина вечера, фин разговор. Среќен сум, се будам секое сабајле благодарен на Бог за тоа што го имам“, додаде тогаш Марио, а неговиот колега Тони, како и самиот Лазаров, одвај ги задржаа солзите на очите.
Целата емисија погледнете ја тука >>