БизнисВести

Скокна минималниот износ за К-15 – вработените во државна администрација ќе земат 6.000 денари помалку од приватниците

Advertisement

До крајот на годината задолжително 18.000 денари ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор.

Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, соглaсно законот е утврден на 40% од просeчната исплатена плата и за оваа година сумата е 18,141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари.

Advertisement

Согласно законот, работодавците до 31 декември треба да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40 отсто од просечната плата, а најмногу 100 отсто.

К-15 им следува и на административците, кој е помал за 6000 денари од оној кој се исплаќа во приватниот сектор.

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на календарската година, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите од приватниот сектор и тоа да исплатат на вработените кои кај нив (кај истиот работодавач) работеле најмалку 6 месеци во текот на една календарска година

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button