БизнисВести

Скокна минималниот износ за К-15 – Еве колку пари ќе ни легнат на сметка годинава

Advertisement

Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика.

Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем.

Advertisement

Ова се разбира доколку компанијата нема финансиски тешкотии, кога може да се исплаќаат и помали износи.

Токму одредбата дека фирмата била финансиски нестабилна, беше мета на чести критики изминатите години, како од Државниот трудов инспекторат, така и од ССМ, кој досега не успеа да издејствува нејзина промена кај работодавачите.

Дотолку повеќе што со ова не се кажува ни дека фирмата треба да биде во минус, туку се зборува само за „тешкотии во работењето“, што е многу широк поим.

Advertisement

-Износот на регресот се утврдува според основицата, која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Според Колективниот договор, основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Работникот има право на регрес за годишен одмор под услов да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите.

Од 1 јули, компаниите имаат зелено светло да исплаќаат К-15 за 2025 година, а законската обврска на работодавачите е да завршат до 31 декември. Најмалиот износ на кој по два месеца може да сметаат работниците од приватниот сектор, во моментот е 17.150 денари, колку што изнесуваат задолжителните 40 отсто од последна просечна тримесечна нето-плата во Македонија – 42.230 денари – статистички просек за периодот февруари-април годинава.

Доколку фирмите го исплатуваат подоцна од 1 јули, износот ќе се зголемува, бидејќи тој се утврдува според основицата што важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот. Ако работникот е пријавен на половина работно време, односно 20 часа неделно му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време, односно 40 часа неделно му следуваат најмалку 20 работни дена годишен одмор, односно најмногу 26 работни дена и исплата на целиот износ на регрес за годишен одмор.

K-15 се исплатува еднаш во текот на годината, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button