Реклама
Модни совети

Како да носите скинати фармерки и да оставите позитивен впечаток?

Реклама

Ако судиме според она што го фураат познатите дами, многу лесно ќе дојдеме до заклучок дека скинатите фармерки хит и за оваа сезона.

Можеби мислевте дека овој тренд ќе не напушти онака брзо како и што се појави на модната сцена, но очигледно не е така. Тие се насекаде, а токму вчера пред нашите канцеларии имавме можност да видиме една млада мајка во фармерки во кои едната ногавица беше скината речиси одозгора до долу. Таа се шеташе со своето синче и мораме да признаеме дека изгледаше фантастично. Тие едноставно владеат и тоа не само со светските, туку и со нашите улици, а дека се присутни насекаде ќе видите и од овие познати дами кои го обожаваат овој тренд.

Маркетинг

Инаку, претходната недела објавивме еден текст во кој поставивме прашање дали скинатите фармерки се наменети само за тинејџерки и дали треба да ги фураат и дами во повозрасни години, и навистина сме пријатно изненадени од вашите одговори кои ги споделивте со нас преку социјалните мрежи.Да, сите ќе се согласиме дека овие фармерки во моментот се еден од водечките трендови и дека подеднакво добро стојат како на младите, така и на повозрасните, па доколку се уште го немате овој модел во вашите плакари, можеби токму сега е вистинскиот момент да го купите. Но пред да го направите тоа, погледнете како изгледаат познатите дами во нивните омилени скинати фармерки и побарајте ја вашата идеална комбинација, а потоа на крајот од овој текст со фотографии, отворете ја и нашата ексклузивна галеријата и погледнете ги најубавите скинати фармерки за оваа и следната сезона.

Маркетинг

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button