Реклама
Трендови

Оваа испокината тексас јакна која изгледа како да сте ја нашле во канта за ѓубре во моментов е хит на Инстаграм

Реклама

И тоа поприлично скапо!

Скинатите тексас јакни не се никаква новост во светот на модата и веќе сите се навикнавме на нив, освен можеби нашите баби и дедовци.

Маркетинг

Можеме само да замислиме што ќе си помислат вашите баби и дедовци кога кај нив ќе појдете на гости во една ваква јакна која изгледа како некој да поминал врз неа со трактор или Фап. Тука не станува збор за обични скинати или излижани делови, туку за цели дупки низ кои може да протнете фудбалска топка. Тие (претежно) се наоѓаат од прдната страна, додека во задниот дел јакната изгледа далеку понормално (ако воопшто можеме да се изразиме така за еден ваков необичен, но очигледно мошне популарен модел).

Маркетинг

Инаку, една ваква јакна е многу поскапа од сите останати јакни во Бершка, па доколку не сте расположени да инвестирате во нешто што некои би го фрлиле во ѓубре, обидете се сами да ја направите истата од некоја стара тексас јакна што веќе одамна не ја носите.

Па, што мислите за овој тренд?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button