Оваа диета претставува двонеделен план на исхрана со висок удел на протеини, малку јаглени хидрати, и екстремно мал број на калории (1000 или помалку калории дневно).
Се појавила во осумдесеттите години и постигнала голема популарност, поради брзото губење на несаканите килограми. Авторот на диетата, Херман Тарновер тврдел дека доколку луѓето се придржуваат на оваа диета две недели (потоа се прави пауза од две недели, па пак се повторува диетата, доколку е потребно) можат да изгубат и до 9 килограми без гладување и загуба на витамини и минерали. Името го добила по кардиологот Скарсдејл кој ја препорачувал во својата програма за здраво срце. Меѓутоа, ова е многу рестриктивна диета, со многу мал број калории, без масло, путер, алкохол, и т.н., а единствена дозволена ужинка се моркови и целер. Така што – диетата е навистина ефикасна, но гладување и одрекување – ИМА! Од друга страна, кога ќе си помислиме што добиваме, а што губиме, вреди малку да се помачиме …
Па, да почнеме!
Онаму каде што не се наведени количини, можете да јадете колку сакате, односно додека не се заситите. Можете да јадете каков било зеленчук освен грашок, компири, пченка, леќа, грав. За подобар вкус на зеленчукот можете да му додавате разни зачини, магданос, кромид … Сенфот и кечапот се исто така дозволени, но во многу умерени количини!
Меѓу оброците може да се јадат само моркови или целер.
Можете да пиете кафе или чај (без шеќер, млеко или шлаг), минерална вода (газирана или негазирана), или какви било газирани пијалаци без шеќер
Појадок секој ден:
кафе или чај (без шеќер или млеко), половина цитрон (или кое било сезонско овошје, освен банана), парче двопек
Понеделник
Ручек: немрсно месо (може да се замени со риба, морска храна или соја), домати, чај или кафе
Вечера: печена бела риба (лист), зеленчук или зелена салата колку сакате, едно парче двопек, цитрон (или сезонско овошје)
Вторник
Ручек: овошна салата од какво било овошје, колку сакате, чај/кафе/ минерална вода
Вечера: варено мелено месо, т.е. хамбургер (без леб), домати, зелена салата, целер, 4 маслинки, краставици, кафе/чај/ минерална вода
Среда
Ручек: салата од туна или лосос (маслото исцедено од конзервата) со лимон или оцет, цитрон или диња, кафе/чај/ минерална вода
Вечера: немрсно месо – јагнешко, телешко, пилешко, или риба, морски плодови или соја, зелена салата, домати, краставици, целер, кафе/чај/ минерална вода
Четврток
Ручек: две јајца (варени, пржени, без масло), немрсно или полумрсно сирење, тиквички или боранија или домати, едно парче двопек, кафе/чај/ минерална вода
Вечера: пилешко (без кожа), спанаќ, зелени пиперки, боранија, кафе/чај/ минерална вода
Петок
Ручек: сирење или кашкавал (пожелно немрсно), спанаќ, колку сакате, едно парче двопек, кафе/чај/ минерална вода
Вечера: риба или морски плодови, зеленчук, свеж или варен, колку сакате, едно парче двопек, кафе/чај/минерална вода
Сабота
Ручек: овошна салата од какво било овошје, колку сакате, чај/кафе/ минерална вода
Вечера: печено пилешко без кожа, домати и зелена салата, цитрон или сезонско овошје, чај/кафе/ минерална вода
Недела
Ручек: пилешко, домати, моркови, зелка, брокула, карфиол, цитрон или сезонско овошје, чај/кафе/ минерална вода
Вечера: немрсно јунешко, салата од зеленчук (домати, краставици, зелена салата …), чај/кафе/ минерална вода
Замена за ручек:
Ако сакате, во кој било ден, наведениот ручек можете да го замените со следниов ручек:
Немрсно сирење или кашкавал, овошје по избор, колку сакате, една голема лажица павлака, 6 половинки ореви, кафе/чај
Втората недела едноставно се повторува целото мени од првата недела. Потоа се прави пауза од две недели, па можете пак да ја почнете диетата.