Реклама
Шминка

Скарлет Јохансон – свежа и светла шминка за во зима!

Реклама

На премиерата на Мачка на вжештениот лимен покрив на Бродвеј, убавата Скарлет Јохансон се појави во секси црна комбинација на Dolce & Gabbana.

Тесните припиени панталони и плетениот горен дел можеби изгледаат малку класично, но оваа девојка навистина многу успешно ја разбива монотонијата на црниот костум со одличен избор на шминка и фризура. Црвениот кармин е класичен избор, очите модерно нашминкани со светла лилјакова сенка и линија црн туш. Она што воодушевува е изборот на нијансата на руменилото и како тоа одлично и прилега на Скарлет. Фризурата е едноставна и модерна, а кренатиот преден дел навистина шармантен и одлично вклопен во целокупниот стајлинг. На крај, не знаеме чија е идејата да се стават овие прекрасни светло сини обетки, но, идејата е генијална! Во комбинација со топлото, светликаво руменило и жарко црвениот кармин, ова е одлична комбинација која со својата свежина и весели бои не потсеќа на пролет, иако е сред зима!

Маркетинг

 

Маркетинг

Скарлет игра во Бродвејско издание на класичната претстава, и иако критиките се сеуште резервирани и се уште е рано да се зборува за голем успех, за нејзиниот стил на црвениот тепих и даваме чиста десетка!

 

Се надеваме дека ви се допаѓа Скарлет и дека нејзиниот изглед ќе ви послужи за инспирација за некое наредно излегување …

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button