Гламурозни ролери со високи потпетици кои чинат колку и еден добар стар автомобил (за кој никако да собереме пари)
Најпрво патиките добија високи потпетици, а сега и ролерите!
Кога се појавија првите патики со вградени високи потпетици, многумина негодуваа бидејќи беше срушена и последната надеж типичниот кежуал изглед да остане надвор од феноменот „високи потпетици“. Но само што се навикнавме на нив, модната индустрија одите еден чекор понатаму, па сега најнов тренд се ролери со високи потпетици. Да, добро прочитавте! Станува збор за гламурозно и смртоносно „возило“ кое е произведено во работилницата на паришката модна куќа Сен Лоран. И не станува збор за колекционерски примерок од некаква лимитирана едиција (која ќе стои на полиците и ќе служи само за украс!) туку за сосема регуларно парче кое се појави во нивните продавници и се продава, верувале или не – за рекреација!
Моделот се вика „Anya 100 Patch Pump Roller“ и за нив треба да издвоите 1995 фунти (или поточно колку и за една добра корса на старо!),што воопшто НЕ евтино за нешто што го носиме само кога одиме на кеј и со кое можеме да ги истругаме колената.
Но, ние искрено се надеваме дека ова нема да стане тренд …
Што велите вие?