Кога еднаш ќе се понижите, никогаш повеќе нема да бидете почитувани: Еве во кои ситуации решително треба да кажете НЕ
Секоја врска бара одредена жртва и голема толеранција, но тоа не значи дека треба да ја прифатите секоја глупост која ќе ви ја предложи вашиот партнер.
Секоја врска бара одредена жртва и голема толеранција, но тоа не значи дека треба да ја прифатите секоја глупост која ќе ви ја предложи вашиот партнер. Наместо тоа, треба да знаете кога НЕ е единствениот одговор кој треба да постои.
Сака чудни работи во креветот
Секогаш е забавно да експериментирате кога станува збор за сексот, меѓутоа, важно е тоа да носи задоволство и за двајцата. Доколку сака нешто на што не сте спремни, одлучно кажете му НЕ.
Сака да ги заборавите вашите пријатели
Во почетокот сакате да го поминувате секој момент заедно, но како поминува времето, вие ќе морате да го воведете во кругот на вашите пријатели. Постои голема шанса некој од нив да не му се допаѓа и тоа треба да го почитувате. Но, никако не смеете да му дозволите да ви забранува дружење со личности кои нему не му одговараат. Кој вели дека неговите пријатели целосно ви се допаѓаат вам?
Тој ви ја избира облеката
Секој има право да коментира, но оној момент кога вашиот партнер од вас ќе побара целосна промена на вашиот гардеробер, запрашајте се што тој точно сака од вас.
Бара од вас да го сакате неговото хоби
Риболов? Одлично! Компјутерски игри? Зошто да не! Убаво е што секогаш сака да ве вклучи во работите кои ги сака, но вие не сте должни да го трошите своето драгоцено слободно време на нешто што вам не ве интересира. Наместо тоа, фокусирајте се повеќе на активности кои ве привлекуваат и двајцата, а остатокот од времето поминете го правејќи нешто што ве исполнува само вас.
Секој празник морате да го поминете кај неговото семејство
Инсистирањето секој празник да го поминете со тие луѓе, може да биде напорно, а и никој не ве прашува дали токму тој ден вие сакате да бидете со вашето семејство. Договорете еден ден ручек со неговите или пак предложете да поминете еден посебен ден заедно.