CelebrityНовости

„Сите солзи ги исплакав, не можам повеќе“ – Нина Бадриќ шокираше, тврди дека „сè е глума и голема лага“

Advertisement

Популарната хрватска пејачка Нина Бадриќ шокираше со своето последно признание. Во интервју, таа искрено проговори за животот зад сцената и за тоа колку е тешко да се живее под притисокот на јавноста и стереотипите.

„Сè ова што јавно го гледате е глума и една голема лага“, изјави Бадриќ, објаснувајќи дека уште од детството била лидер и омилена во друштвото, но дека никогаш не ја изгубила искрената радост на душата и детската насмевка.

Advertisement

Пејачката нагласи дека шоубизнисот е како циркус: „Ние сме циркузанти, нашата работа е да им дадеме на луѓето делче среќа за тие два часа концерт. Не е важно каков ден имав, на бина морам да пренесам позитивна енергија“.

Таа призна и дека не крие емоции: „Сакам да плачам, а последниве години плачам од среќа. Сите солзи од мака ги исплакав, за тоа повеќе време немам“.

Осврнувајќи се на општеството, Бадриќ беше критична кон начинот на кој се гледа на жената на Балканот.

Advertisement

„Ова е доказ дека не сме излегле од примитивни рамки. Денес изгледа дека најважен е физичкиот изглед. Ако вредноста на жената е само нејзината убавина, тогаш сме полошо отколку пред 100 години“, истакна таа, додавајќи дека жените кај нас се притиснати со рокови – кога да се омажат, кога да станат мајки, кога баби…

Хрватската пејачка моли за помош и јавно упати апел: Не сум добила скршена пара

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button