Сите прогнози на баба Ванга за 2025 – како ќе се „прекрои“ светот, ракот ќе се лекува, развој на телепатија
Меѓу другите предвидувања за годината има страшни природни катастрофи, како и научни пробиви во медицината, а особено големи успеси во лекувањето на рак.

Личноста на бугарската јасновитка Ванга е опкружена со многу мистерии и митови: наводно, таа ја предвидела смртта на принцезата Дајана, катастрофата на атомската подморница „Курск“, терористичките напади на 11 септември и други големи настани.
Дури и додека била жива, нејзините натприродни способности беа предмет на сомнеж и предизвикуваа бурни расправи.
И покрај тоа, пророштвата на Ванга остануваат омилена тема на жолтиот печат ширув светот, но и на најгледаните телевизиски емисии.
Пред неколку недели, западните медиуми повторно ја „открија“ Ванга: започнаа да ги репродуцираат нејзините предвидувања за воените конфликти низ светот, контактите на луѓето со вонземјаните и можност од крај на светот.
„Ќе започне апокалипсата“
„Крај на светот: страшни предвидувања на легендарната јасновитка баба Ванга за 2025 година“, — напис со таков наслов беше објавен на веб-страницата на европското издание Еуроњуз во декември 2024 година. Во него се изнесува прогнозата на Ванга за конфликтот во Европа, кој може „да го уништи населението на континентот и на крај да доведе до исчезнување на човештвото“.
Меѓу другите предвидувања за годинва има страшни природни катастрофи, како и научни пробиви во медицината, а особено големи успеси во лекувањето на рак.
Ванга, наводно, изјавила дека во 2025 година, претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе ги зајакне позициите на земјата на меѓународната сцена и ќе го формира геополитичкиот пејзаж.
Во друг текст, објавен во февруари на веб-страницата на британскиот весник Метро, пророштвата на Ванга за Путин добиваат нови детали. Во статијата се вели дека, според зборовите на пророкот баба Ванга, Путин ќе стане „господар на светот“, а Русија „не само што ќе го преживее конфликтот во Европа, туку ќе доминира во светот“.
Во 2025 година, според друго пророштво, објавено во весникот Економик Тајмс, можат да се случат контакти на луѓето со вонземјани. Исто така, се појавува информација дека Ванга предвидела големи промени во меѓучовечката комуникација: луѓето ќе добијат телепатски способности кои ќе им овозможат да разменуваат мисли и идеи на далечина.
Ванга „оживеана“ со вештачка интелигенција
Британскиот весник The Sun оди подалеку и ја „оживеа“ Ванга со помош на вештачка интелигенција, за да дознае повеќе детали за нејзиното предвидување за 2025 година. Според верзијата на вештачката интелигенција, оваа година светот ќе биде на работ на значајни промени: човештвото ќе се соочи со политички потреси и воени конфликти, но исто така и со спортски триумфи и достигнувања во уметноста.
Еден од среќниците на годината, според верзијата на вештачката интелигенција, Ванга го нарече претседателот на САД, Доналд Трамп. Според ВИ, републиканецот ќе започне да создава медиумска империја која ќе му помогне да го засили своето влијание во светот и да стекне повеќе поддржувачи. Истовремено, му беше предвидено „неочекувано сојузништво со моќен источен лидер, што ќе предизвика контроверзи“.
Што се однесува на други светски настани, вештачката интелигенција-верзијата на Ванга, смета дека во 2025 година Саудиска Арабија и Иран ќе потпишат мировен договор. Кина ќе започне економска блокада на Тајван, но Тајван „ќе стане само посилен од тоа и ќе ги зајакне своите сојузи со Јапонија и Австралија“. САД пак, ќе се „борат со последиците од катастрофално земјотрес“.
Западот првпат се заинтересирал за пророштвата на Ванга средината на 2010-тите. Во написите се раскажуваше за тоа како пророкот предупредила за можниот напад на муслимански екстремисти во Европа. „Според Ванга, Европа каква што ја знаеме ќе престане да постои до крајот на следната година по систематското уништување на цели народи, што ќе резултира со континент што ќе остане речиси празен“, се вели во текстовите објавени во 2015 година.
Неисполнети пророштва
Иако пророптвото на јасновитката за Европа не се исполнило, западните медиуми продолжиле да објавуваат написи посветени на Ванга, а особено се пишуваше за пророштвотоза недостаток на вода во Европа поради сушата.
Во 2022 година Европејците навистина искусија невообичаен пораст на топлина. Особено поради опаѓање на нивото на водата, една од големите реки во Европа, Рајна во Германија, скоро стана непропустлива за товарни бродови.
Се разбира, не сите предвидувања се исполниле на пророкот баба Ванга. Некои ги сметаат за случајни совпаѓања, а некои ја нарекуваат само феноменална личност, а не вистински пророк.
Сепак, Баба Ванга, иако беше отсекогаш обвиена со мистерија, успеа да привлече големо внимание, и тоа и денес продолжува.