Реклама
Интервју

Сите носиме маски за да преживееме, некој почесто, некој поретко – интервју со авторката на „Зад маските“

Секој од нас барем еднаш во својот живот ја сокрил вистината зашто била премногу болна, вели Ксенија Николова

Реклама

Автентичната писателка Ксенија Николова, инспиративната дама, хероина која е утеха за многумина, гласноговорничка за женски теми, инфлуенсерка со отмен стил, е нашата денешна соговорничка.

Јас бев едно многу срамежливо дете, чувствував дека не сум разбрана, пишувањето ми помогна многу – искрено со КСЕНИЈА НИКОЛОВА

Маркетинг

Со Николова често знаеме да си направиме муабет, оти е убав човек за разговор, полна со мотивирачки мисли.

Овој пат повод е нејзината најнова книга „Зад маските“.  Неодамна се случи и официјаната промоција на ова дело. Ние разговаравме за тоа што кријат овие корици и за кого ја препорачува авторката оваа книга.

Маркетинг

 

Ние трчаме кон Европа, а нашите деца се плашат да трчаат пред зграда – инспиративно со КСЕНИЈА НИКОЛОВА

 

Уживајте во пријатниот разговор во продолжение.

 

 

 

1. Кој мора да ја прочита „ Зад маските“?

„Зад маските” е роман во кој се зборува за вистината, за лагите и за тоа што се случува кога маскоте паѓаат. Искрено, посакувам што повеќе жени и девојки да го прочитаат романот, зашто оваа приказна е за хероините во вистинскиот живот, онакви какви што се со сите нивни грешки, стравови и болки. Затоа, оваа приказна е и за секоја една од нас.

2. Како настанува содржината, дали е поттикната од реалноста?

Јас создавам своја реалност кога творам, еден цел свет кој е инспиран од она што го живеам, од она што ме движи и од она што остава силен впечаток на мене.

фото/Инстаграм

3. Колку е нашето општество полно со луѓе кои носат маски?

Сите носиме маски за да преживееме, некој почесто, некој поретко. Колкава ќе биде цената што ќе ја платиме поради тоа, времето ќе покаже. Секој од нас барем еднаш во својот живот ја сокрил вистината зашто била премногу болна.

фото/Инстаграм

4. Дали сте задоволни од тоа како помина промоцијата?

Презадоволна. Моето срце е полно и јас сум благодарна и неверојатно спокојна.
Видов дека луѓето што дојдоа беа среќни и затоа и јас си заминав дома со една голема насмевка на лицето.

5. Какви се вашите очекувања, што сакате да постигне ова ваше дело?

Романот треба да живее и да остави трага. Тоа е мојата желба, сакам оваа приказна да си го најде својот пат и да им значи на оние што ќе ја откриваат. Верувам дека читателите ќе си постават многу прашања откако ќе го прочитаат романот „Зад маските”, а тоа е моќта на уметноста, да нѐ замисли, да нѐ предизвика, да разбуди во нас нешто за првпат, или пак за првпат да нѐ охрабри да го погледнеме животот од друг агол.

фото Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button