Сите пролетни нијанси на сино од најпознатите продавници во Македонија
Покрај пастелните розови нијанси и сината боја важи за една од најпопуларните за оваа пролет, па доколку сакате да бидете во чекор со трендовите изберете нешто од овие предлози.

Сината боја важи за еден од најголемите трендови за оваа пролет. Tоа можевме да го видиме и од социјалните мрежи каде бројни познати модни блогерки и трендсетерки споделија фотографии на кои се гледа како ја носат оваа популарна боја, но и од колекциите на познатите „хај-стрит“ брендови кои со две раце го прифатија овој тренд.

Што се однесува до нијансите, распонот навистина е широк – од пастелни до длабоки, модри и темни, а различни се и кроевите и моделите.

Па така доколку ви се допаѓа овој тренд сега не морате да го носите само на фустани, туку и на блејзери, панталони, здолништа, блузи или кошули, но и на модни додатоци како чевли и чанти. Погледнете го изборот на нашите модни уредници и изберете ги вашите омилени пролетни парчиња во оваа боја.


Предлози за шопинг:

Bershka 1,590.00 MKD

Bershka 1,590.00 MKD

Bershka 1,590.00 MKD

Bershka 1,590.00 MKD

Bershka

Orsay

Orsay

Orsay

Pulll and Bear 1,290.00 MKD

Pulll and Bear 1,290.00 MKD

Pulll and Bear 1,290.00 MKD

Stradivarius 1.290,00 MKD

Zara 1,590.00 MKD

Zara 1,990.00 MKD

Zara 1,990.00 MKD

Zara 1,990.00 MKD

Zara 2,590.00 MKD

Zara 2,590.00 MKD

Zara 2,590.00 MKD




