Реклама
Нега и здравје

Мандарините како лек против рак, дебелина и целулит

Реклама

 Сите лековити својства на мандарините

Мандарините се многу вкусни плодови и ретко кој не ги сака. Освежителни се, имаат пријатен мирис и вкус и богати се со витамин Ц. Овој вид цитрусно овошје има повеќе здравствени придобивки – го намалуваат ризикот од рак, го подобруваат варењето и помагаат при слабеењето…

Маркетинг

Внатрешноста на мандарините содржи шеќер и е богата со витамин Ц, поради што е одлична превенција од стрес и настинки, како и со бета-каротен што го синтетизира во витамин А, кој, пак, е одговорен за добриот вид и кадифената кожа. Изобилува со растителни влакна, коишто се многу добро за варењето. Мандарините се, исто така, богати и со пектин и го содржат во поголеми количини отколку јаболката, а кората содржи етерични масла. Во мандарините има и фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамин Б1, Б2 и Б3, и влакна неопходни за балансирано варење. Тие се идеално овошје за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи 100 грама овошје содржи само 34 калории. Поради диуретичните својства, тие помагаат и во борбата против стрии и целулит.
Пожелно е мандарините да се чуваат на собна температура, а рокот на траење е околу седум дена. За разлика од другите агруми, ретко се прави сок од нив и обично се консумираат свежи.

Маркетинг

Од мандаринините може да се направи џем, компот и колачи. Ако кората не е прскана, може да ја исушите и да ја додавате на торти или компоти.

Го намалуваат ризикот од рак

Високата концентрација на антиоксиданси во кората на мандарините го вбројува ова овошје меѓу моќните борци против ракот, особено на црниот дроб. Научниците од Универзитетот во Кјото откриле дека луѓето со хроничен вирусен хепатит може да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб доколку пијат сок од свежи мандарини. Во едногодишната студија 30 учесници кои имале вирусен хепатит консумирале напиток што содржи сок од мандарини на дневна основа и на крајот немале никакви знаци на рак на црниот дроб. За разлика од нив, меѓу 45 учесници кои не пиеле напиток од мандарини 8,9 проценти од нив развиле рак на црниот дроб.

Добар извор на витамин Ц

Мандарините може да ви обезбедат 80 отсто од потребната дневна доза витамин Ц којшто е повеќекратно корисен, на пример, во борбата против слободните радикали. Тоа се молекули со непарен број електрони кои го бараат својот пар ’крадејќи’ електрони од стабилните слободни радикали. Ова предизвикува верижна реакција, односно транзиција на стабилните слободни радикали во нестабилни, што на крајот може да доведе до физичко оштетување, како оштетување на протеините и и на ДНК. Антиоксидансите помагаат да се спречи оваа верижна реакција, а тоа, меѓу другото, го зајакнува имунолошкиот систем.

Помагаат во процесот на слабеење

Мандарините се добар извор на диетални влакна, дури 3 грама влакна на 100 g. А редовното внесување на растителни влакна помага да се чувствувате сити подолго. Општо земено, децата и возрасните треба да земаат околу 20 грама влакна на ден. Сепак, можеби ќе треба да внесувате и повеќе, во зависност од износот на калориите што ги консумирате. На пример, машките и тинејџерите може треба да јаде околу 30 до 35 грама влакна на ден. Јадејќи мандарини, ќе ја задоволите оваа потреба и тоа со задоволство.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button