Реклама
Наши ѕвезди

Сите ја сакаат оваа наша водителка, а Стефан Лазаров „не ја почитува“!

По интервјуто со Латас направи нешто крајно непрофесионално и недругарски, нема да кажам што. Поради таа работа, јас немам никакво почитување кон Лила, вели јутјуберот.

Реклама

Најпопуларниот македонски јутјубер  Стефан Лазаров беше првиот гостин во новата сезона на емисијата „Ти реков, ми рече“, кај екстравагантниот водител Давид Давидовски.

Давид на ова видео за краток период собра веќе над 12 000 прегледи и бројни коментари.

Маркетинг

Откако бескрупулозниот Давид се обиде да извлече што е можно повеќе информации од својот ексклузивен гостин и да открие работи кои јавноста не ги знае шоуто течеше како подмачкано.

Маркетинг

Водителот одново преку својот екцентричен сценски изглед ги покажува светските стандарди за шоу, забава преку својата храбра уникатност.  Гламурозно венче од црвени цветови кои прилегаат на бициклистичките икомбинирани со бело сако под кое Давид не носеше ништо!

Во интервјуто Лазаров зборува за своите почетоци, за искуството што му го донело работата на телевизија, потоа споменува и за можноста да биде дел од утринска програма , ги разоткрива деталите околу коцкањето, судскиот процес за епизодата со Латас, неговата музичка кариера, интимниот живот со Марта и неговата силна поврзаност со Зоки Фаци како и многу други интересни работи за кои досега не зборувал во јавноста.

При крајот на емисијата водителот на Стефан директно му поставува прашање за тоа дали навистина водителката Лила Филиповска одбила да гостува во неговиот поткаст.

фото/Фејсбук

На ова Лазаров категорично одговара со: Да!

 – По интервјуто со Латас направи нешто крајно непрофесионално и недругарски, нема да кажам што. Поради таа работа, јас немам никакво почитување кон Лила. Да е здрава и жива жената. Јас после тоа му кажав на Зоки дека не сакам да гостува, но тој инсистираше да ја поканиме. Тогаш јас му реков , еве и поради таа работа што се случи, ќе ја симнам топката како помлад, еве кажи и дека лично во емисија ќе се однесувам многу професионално. Колку ја си да не ја сакам сепак жената постигнала нешто и не е моја работа јас да кажувам дали она е добар водител, добар човек, може јас да не ја сакам, но тоа е моја лична работа. Му реков викни ја Лила, ќе има професионализам , до степен ако треба и ќе се  смириме, дали понатаму ќе ја почитувам како човек тоа моја работа, но професионално ќе се почитуваме. На тоа таа одговори : Немам што јас да му дигам рејтинг на детето – вели Стефан во интервјуто.

Лазаров не ја сака Лила, но затоа ја обожава Марија Плевнеш!

Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

Во интервјуто вели дека ја сака и дека сака да ја покани во поткастот.

фото/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button