Доколку сакате да се подготвите за летните денови кои следуваат и да блескате во вашите бикини, послушајте ги советите на ангелите на Викторија Сикрет, Џасмин Тукс и Лили Елдриџ.
За да ја одржат својата витка линија, ангелите на Викторија Сикрет постојано вежбаат. Така една од нив се занимава со балет, додека другите многу го фалат сквошот. Велат дека ваквиот тип на вежбање, освен што ослободува од стрес, исто така е одличен и за витки и дефинирани нозе кои се активни за време на целиоттренинг. Од друга страна, денес се попопуларно е трчањето, објаснуваат овие модели.
Сепак, една од нив признава дека трчањето е најлоша казна која што може да ја добие додека друга пак дека може да трча цела минута додека не и здосади.
Овие девојки генерално се природни убавици, па така мајката природа ги има дарувано и си добар метаболизам. Како што велат самите, не внимаваат многу на исхраната, освен неколку дена пред ревиитекога се придржуваат на одредена диета – јадат многу риба, пилешко и зеленчук, а ја избегнуваат брзата храна, како пицата и хамбургерите, и оддалеку ги заобиколуваат благите работи.
Сепак, признаваат дека веднаш по завршувањето на ревиите посегаат по „забранетото овошје“, па ќе се почестат со најмрсната и најкалоричната пица која во тој момент можат да ја купат.