MAMAДом и семејство

Сите го правиме истото за Велигден, а нутриционистите предупредуваат – „со ова мора веднаш да престанете!“

Дали претеруваме со велигденските јајца? Еве што велат нутриционистите.

Advertisement

Велигден е ден на радост, традиција и семејно собирање – и, секако, ден кога трпезите се полни со обоени јајца. Но, додека децата уживаат во „кршење“ со јајца, а возрасните во нивниот вкус, многумина се прашуваат – колку јајца е безбедно да се изедат за еден ден?

фото-пекселс

Во минатото, жолчките беа под лупа поради високиот холестерол, па се препорачуваше ограничување на потрошувачката. Денес, експертите велат – време е да се отфрли тој мит.

Advertisement

Јајцето – суперхрана или скриен ризик?

Нутриционистите појаснуваат дека јајцата не се само безбедни, туку и корисни ако се консумираат умерено. Едно средно јајце содржи околу 70 калории, 6 грама протеини и 5 грама здрави масти. Богати се со витамини A, Д, E, Б12, железо, цинк, селен и фосфор – вистински нутритивен пакет во мала школка.

– Јајцето е една од најдобрите природни намирници што ги имаме. Кога е варено или поширано, тоа е речиси совршен оброк. Треба да се избегнува само ако е пржено во големи количини масло, особено рафинирани масла како сончогледово, се вели во препораките на нутриционистите.

Колку долго се безбедни за јадење?

принтскрин јутјуб

Тврдо варените јајца, ако се чуваат во фрижидер, може да траат и до 7 дена. Но ако се чуваат на собна температура – особено напукнати – мора да се изедат истиот ден. Ровитите јајца се уште посензитивни.

Advertisement

– Напукнатото јајце е како отворена врата за бактерии. Тоа не треба да се чува долго, особено не надвор од фрижидер.

Колку е премногу?

Препораките се јасни – не се сите исти, и не сите имаат иста потреба од јајца. Во просек, жените можат да консумираат од 1 до 4 јајца дневно, а мажите од 2 до 5 – но само ако немаат здравствени ограничувања.

– Не јадете јајца со сила, ниту пак, откажувајте од нив поради старите митови. Телото само ќе ви каже кога и колку му се потребни.

Јајцата не се виновникот

Истражувањата покажуваат дека јадењето јајца не е клучниот виновник за висок холестерол. Повеќе штета прават брзата храна, индустриските колачи и трансмастите.

– Јајцата не се проблем, проблем е се што јадеме покрај нив – коментираат нутриционистите.

Значи, на Велигден не мора да се ограничувате премногу – само внимавајте на квалитетот и количината. И запомнете: јајцата не се непријател – напротив, тие се ваши сојузници ако знаете како да ги вклучите во исхраната.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button