Реклама
Наши ѕвезди

Јелена Карлеуша во ова издание ништо не остави на фантазијата – горат СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи и сите гледаат во овој детаљ!

Реклама

Нова мода на Јелена Карлеуша: горе скриено, долу откриено

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша е дел од жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде секојдневно го привлекува внимание со своите разноразни модни комбинации.

Иако најчесто се во прашање екстравагантни и пpoвокативни изданија, овој пат реши да ја премине границата и речиси ништо не остави на фантазијата.

Маркетинг

Популарната пејачка во студиото дојде во пpoѕирен фустан од тантела под кој се гледаше нејзината долна облека.

Маркетинг

Таа под фустанот носеше црвени „парталичиња“, а креацијата беше толку куса што не можеше да ја собере нејзината позадина. Но додека во долниот дел речиси сé и се познаваше, Јелена на лицето носеше маска и тоа од истиот материјал како и фустанот, со што ги изненади сите

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фановите беа воодушевени, а многумина коментира дека само таа може од маска да направи моден детаљ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Маските и модата

Инаку, маските во последните неколку месеци ни се во мислите на сите, па и на нашите лица, со што неминовно станаа еден од водечките трендови како преку летото, така и за оваа есен. И за разлика од повеќето други трендови, тие се родени од потреба и грижа за луѓето околу вас. Но, тоа не го менува фактот дека сега сите мора да носиме маски кога треба да излеземе надвор и навистина не е изненадувачки што модата ја забележа ваквата можност. Голем број држави бараат луѓето да носат маски кога се надвор од своите домови, па на модните брендови не им требаше многу време да почнат да се прилагодуваат на ваквиот нов начин на живот.

Впрочем тоа можеме да го видиме и од познатите фаци, а Карлеуша секако е една од нив.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button