Никој НЕ гледаше во прекрасниот фустан туку во нејзиното изобличено лице
Нејзиното оперирано лице се уште ги фасцинира луѓето

Рене Зелвегер (48) не освои како шеговитата Бриџит Џонс, а нејзиниот шарм лежеше во фактот дека никогаш не била типична холивудска девојка и секогаш самоуверено им пркосеше на трендовите. Таа едно време се повлече од јавноста, но кога се врати на целиот свет му покажа колку е зависна од пластичните операции. Тогаш нејзиното лице беше буквално деформирано, поради што првиот пат и никој не ја препозна на црвениот килим.

Таа и овој пат на црвениот килим на премиерата на „Same Kind Of Different As Me“ ги фасцинираше сите со нејзиниот изглед. Сите гледаа во нејзиното лице кои овој пат изгледа малку поопуштено, но многумина се уште не можат да се начудат колку се променети нејзиниот изглед во последните неколку години.

Тука секако беше и нејзиниот прекрасен фустан во боја која не може да остане незабележана. На денот на премиерата во јавноста се пласираше и приказната дека актерката го финансира своето момче Дојл Брамхал (48) со кого е во врска 5 години. Тој има незгоден судски спор со неговата поранешна сопруга.

Се шушка дека покрај тоа што му дава пари покрива и добар дел од судските трошоци, но актерката досега не сакаше да ги коментира, ни да ги демантира овие вести кои за жал се далеку понеинтересни од вестите поврзани со нејзиното „изобличено“ лице.



