Сите ѝ се чудат на Бети од Ресен која се бања во леденото Вевчанско Езеро – прв снег, прва радост?!
Бетика стана позната откако на социјалните мрежи почна да споделува снимки на кои се бања во заледена вода.

„Прв снег, прва радост“, напиша Бетика која во костим за капење се избања во студеното езеро на Јабланица.
Оваа Македонка редовно се бања во студена вода и очигледно дека во блиска иднина не планира да се откаже од ова хоби.
Бети Котовчевска (29) живее во Ресен и има необично хоби – таа секојдневно се бања во мраз студена вода.
Инстаграм/ Бетика
И тоа не со студен туш во кадата, туку целото тело го внесува во реки и езера кога надвор температурите се минус, а тоа го прави и дома, во специјални „буриња“ наполнети со мраз и студена вода.
И како што многупати истакнала досега, таа се колне дека ова нејзино хоби и го поправа имунитетот и благодарение на него оздравила.
Инстаграм/ Бетика
Имено, Бетика имаше сообраќајна незгода кога од несовесен возач беше прегазена и долго време не можеше да стане од креветот.
Но токму благодарение на оваа техника таа денес не само што е здрава, туку е и полна со позитивна енергија, а нејзиниот карактер никогаш не бил посилен, за што сведочат и нејзините објави на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Бетика
Таа сега со своите пријатели на Инстаграм секојдневно споделува моменти од нејзините авантури во студени води, а минатата годна успешно го заврши предизвикот секој ден да го прави тоа.
И токму затоа од Гламур беше прогласена за жена на годината, а како изгледа додека го прави тоа, погледнете во продолжение:
Прв снег, прва радост
Бетика овој пат се избања во Вевчанското Езеро, познато и како Вевчанска Локва, кое се наоѓа на Јабланица, над Вевчани.
Инстаграм/ Бетика
И додека на многумина ова ќе им изгледа крајно необично и никогаш не би се осмелиле да го направат тоа, вистината е дека бањањето во студена вода има позитивен ефект на организмот.
Впрочем за тоа зборуваат и бројни студии, а овој метод стана познат по Вим Хоф, пионер во оваа необична техника.
Инстаграм/ Бетика
Хоф во светот е познат како Ледениот човек и вели дека е поотпорен на болести од другите, а неговите следбеници пријавуваат бројни позитивни резултати.
Неговиот метод со тек на време доби популарност, иако всушност станува збор за древна техника користена во многу култури.
Инстаграм/ Бетика
И за Бетика бањањто во мраз е радост
Истиот метод стана познат и кај нас благодарение токму на Бетика, а речиси сите остануваат без зборови кога прв пат ќе видат што прави таа и зошто е позната и како македонската ледена кралица.
Инстаграм/ Бетика
Нејзините објави привлекуваат внимание и надвор од Македонија, па повеќе за неа и за оваа техника прочитајте тука.
Во продолжение погледнете уште некои од нејзините снимки – на сите изгледа среќно и максимално опуштено, нели?