Фитнес

Како да направите шишки на страна како вистински професионалец во само 3 чекори!

Advertisement

За разлика од кратките шишки за кои е  потребно на секои две-три недели да скокнете до фризерот, подолгите странични шишки многу полесно можете да ги вклопите во фризурата, но и да ги одржувате.

Advertisement

Еве како сами да го направите тоа..

Потребни ви се: Чешел, ножички за потстрижување, ластик или шнола за коса, и пред се решителност да го направите ова!

Постапка

Advertisement

Измијте ја косата, осушете убави и расчешлајте ја. Доколку веќе имате шишки, издвојте ги од остатокот на косата, а доколку сакате да направите нови, очешлајте ја косата на патец по желба, а предните прамени издвојте ги лево и десно од   патецот, така што ќе добиете нов патец во облик на свртена буква Y. Останатиот дел од косата врзете го во опавче.

Расчешлајте ги шишките и со чешелот префрлете ги на другата страна од онаа на која што ќе ги носите. Шишките по ширина фатете ги цврсто помеѓу показалецот и средниот прст па косата пресечете ја дијагонално и тоа така што кратката страна да биде онаа што е кон ушето.

Должината на шишките мора да биде толкава што најкратката страна да биде до врвот на носот. Шишките пресечете ги постепено малку по малку додека не дојдете до посакуваната должина. Доколку сакате да добиете степенест ефект, откако ќе ја отсечете косата до саканата должина, со врвот од ножичките пресечете е ги врвовите на шишките.

Извор: Zadoviljna.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button