Реклама
MAMAКафе муабет

Сиромаштијата почнува во вашата глава: Сте се запрашале ли зошто никогаш не победувате?

Реклама

Сте се запрашале ли по што се разликуваат вечните губитници, оние кои не можат во ништо да успеат, од оние кои успеале да заработат и да постигнат нешто во својот живот со својот талент и труд?

ФОТО: medicalnewstoday.com

Ова прашање ги интересирало и научниците кои спровеле студија на однесување и мислење и успеале да најдат некои карактеристики. Сиромаштијата почнува со мислите и верувањата, а баш тоа е клучната разлика помеѓу сиромашниот и богатиот човек. Тоа е таканаречен синдром на сиромаштија. Еве кои се заедничките особини на сите губитници.

Постојано жалење

Сиромашните луѓе постојано кукаат и се жалат за се’, а тоа и самите не го забележуваат. Не се жалат само на недостиг на пари, туку на се’. Каков разговор и да започнете со ваков човек, ќе заврши со со кукања. Ова однесување многу брзо почнува да ја иритира околината и така луѓето кои би можеле да ви помогнат се во состојба да се оддалечат од вас.

Маркетинг

Оправдувања и изговори

Губитниците секогаш имаат оправдување за својата мрзливост или неспособност да аправат ешто. Тоа е класичен начин одговорноста да се префрли на другите околу себе. На пример, е знаете да цртате и никогаш не сте навистина ни се обиделе. Губитникот нема да рече дека никогаш не се обидел, туку ќе рече дека нема талент, дека родителите не го научиле, дека нема време…

Намалување на туѓиот труд и работа

Губитниците ги гледаат успешните луѓе, но ги доживуваат како да се родени со тоа. Никогаш не размислиле дали успешните имаат талент или се трудат и вредно работат. Губитниците секогаш се трудат да го омаловажуваат туѓиот труд, а истакнуваат дека нивниот не е забележан или не е доволно ценет.

Маркетинг

За губитниците сите богати луѓе се лукави кои се служат со лаги. Се’ ќе направат освен она единственото што дава резултати – малку самоконтрола, многу работа и верба во себе. Со тоа успехот сигурно би дошол!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button