Синот на Тони Михајловски откри мрачна тајна – додека лежел на кревет, пред себе видел дух на непознат дедо! (видео)

Актерот Александар Михајловски, син на познатиот Тони Михајловски, во гостување кај Стефан Лазаров во неговиот подкаст, сподели необично и вознемирувачко искуство од минатото, поврзано со натприродна енергија и контакт со дух.
Тој раскажа дека на почетокот од своите студентски денови живеел под кирија во стан за кој, дури откако се вселил, дознал дека претходно таму живеел дедо кој починал. Иако не размислувал многу за тоа, со текот на времето почнал да чувствува чудна енергија во просторот.
-Додека лежев на кревет, особено навечер, почнував да чувствувам некаква необична енергија… како присуство што не можеш да го видиш, ама знаеш дека е тука, објасни Александар.
Во обид да воспостави контакт или барем да добие потврда за она што го чувствува, една вечер гласно се обратил кон „духот“ на дедото:
-Му реков: Знам дека овој дом некогаш бил мирен, семеен … а сега, откако сум јас тука, е постојана лудница, со другари, журки, гужва … Ако си тука и ако некако ме слушаш, дај ми знак дека постоиш, раскажа тој.
И тогаш, според неговите зборови, сијалицата почнала да трепери, а по неколку моменти – „пукнала“.
-Целосно се одземав. Тоа не беше обичен момент. Тоа беше нешто што го чувствуваш во коските, како некој да ти се јавува од друг свет, вели Михајловски.
По таа случка, Александар почнал да гледа на станот со поголема почит, и како што вели, целосно го сменил односот кон просторот:
-Почнав да го доживувам станот поинаку. Како да не е само четири ѕида. Престанав да ги викам другарите секоја вечер, немаше веќе журки. Имав чувство дека треба да покажам респект кон местото и кон духот што сè уште е таму на некој начин, низ смеа изјави Александар.
Ова интимно и необично сведоштво на Михајловски отвори многу прашања кај слушателите – дали навистина постојат духовни енергии кои остануваат по заминувањето на луѓето, и дали понекогаш тие само сакаат да бидат препознаени?!
View this post on Instagram