CelebrityНаши ѕвезди

Синoт на Дапчевиќ сè уште е малолетен, но со својот талент заработува повеќе пари и од мајка му!

Advertisement

Поп пејачката Тијана Дапчевиќ, заедно со сопругот Милан, го имаат синот Вук, кој во февруари наполни 16 години, а иако таа ретко зборува за својот наследник во јавноста, сега откри дека Вук тргнал по нејзините стапки, и дека веќе почнал да се занимава со музика и да заработува од ваквата професија.

– Тој сериозно се занимава со музика! Дури работи и за една продукција од Флорида. На почетокот на седмо одделение почнав да му „замерам” – го прашав што планира да прави во животот, каде се гледа за 10 години? Беше збунет, неодлучен… Сакаше да се запише гимназија. Се загрижив затоа што делуваше незинтересирано – раскажа Тијана.

Advertisement

Таа откри како сè започнало и призна дека денес нејзиниот миленик заработува повеќе и од неа.

– Му реков да размисли добро, бидејќи знам дека е талентиран. Без никаква најава, еден ден доаѓа дома и ни вели дека му требаат нови слушалки и звучници. Вели: „Почнав да правам музика.“ Го прашав каква музика, а тој ми одговори: „Па, фонг…“ Јас немав поим што е тоа фонг. Ми пушти да слушнам – на десеттата секунда реков да исклучи! Одвратно беше, не можев да слушам. Тоа е некаков електронски стил, комбинација од бразилски регетон и техно, сè пршти, ужас! Но, чекор по чекор, почна да се поврзува со дечиња од странство кои го прават истото. На „Spotify“ во помалку од една година собра три милиони прегледи, исто и на „TikTok“. Има авторски права на сите платформи. И така, момчето во последните неколку месеци заработува повеќе од мене. Супер е! – раскажа пејачката во подкастот „Равенка за успех“.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button