Реклама
Модни совети

Како да ги внесете сините нијанси во вашите есенски комбинации

Реклама

Од пастелните нијанси, па преку тиркизните и се до кралската сина и модрите нијанси, оваа боја е апсолутен хит за оваа сезона.

Сината боја ја освои модната сцена и во моментов постои потенцијална опасност да ја замени црната боја. Таа ја симболизира моќта, па токму и затоа челичната Маргарет Тачер имаше дузина фустани и костими во оваа боја.

Маркетинг

Кралската сина боја во есенските колекции на најпознатите македонски и светски дизајнери
Темните нијанси на кралската сина оваа есен и зима најмногу беа застапени во колекциите на Викторија Бекам, Мајкл Корс, модните куќи Шанел и Барбери, како и во волшебните вечерни фустани со потписот на Ели Саб.

Што се однесува до нашите дизајнери, најинтересни примери на сина боја можевме да забележиме во колекциите на Тања Кокев, потоа кај Ивана Цветковска, Никола Ефтимов, Антонија Ристовска и Олгица Ѓоргиева.

Маркетинг

Како да се комбинира?

Темните нијанси на сината боја можете да ги комбинирате со сите бои, а тоа најмногу зависи од вашиот стил на облекување. Темно сината боја ќе ви овозможи да склопите впечатливи комбинации, па доколку сакате да бидете во чекор со трендовите, ве советуваме да инвестирате во облека и модни додатоци во оваа боја, која внесува софистицираност и елеганција кои не можат да поминат незабележани.

Не треба да заборавиме дека веќе некое време е во мода total look, што значи дека слободно можете да се облечете од глава до пети во вашата омилена нијанса на сината боја и да ги изненадите сите оние кои немаат доволно смелост да го направат тоа. Но, доколку толку многу сино сепак ви е премногу, тогаш внесете само некое парче облека или обидете се со некој детаљ во сина боја и ќе бидете во чекор со модните трендови.

Од друга страна пак, бидејќи во последно време во модата важи и правилото – нема правила, можете слободно да ја комбинирате вашата омилена нијанса со уште некоја друга силна боја и да создадете одличен „колор-блок“ ефект.

Кое е значењето на сината боја

Темно сината боја е една од боите кои се модерни оваа сезона. Темните нијанси на сината ја заменуваат црната боја, додека пак посветлите се одличен начин да ја разбиете темната комбинација.

Сините бои ги сакаат и мажите и жените. Во основа сите имаат сличен симболизам, а темните нијанси го носат и значењето на црната боја, бидејќи се многу слични.

Темно сината боја е боја на сигурност, се смета за деловна боја, односно боја идеална за во канцеларија, бидејќи зрачи со доверба, авторитет и стабилност. Таа исто така симболизира самодоверба, но и моќ и авторитет, па токму затоа и е најзастапена боја кога се работи за полициските униформи во целиот свет. Таа исто така се поврува со интелегенцијата, заедништвото и конзерватизмот.

Се смета дека најтемните нијанси на сината ја носат симболиката на моќта, стабилноста и конзерватизмот, додека индиго нијансите покрај стабилноста имаат и симболика на мир и богатство.

КЛИКНИ ТУКА И ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button