Синдром на скршено срце, како да препознаете навреме – познат кардиохирург за стрес-состојбата што може да предизвика инфаркт
Иако терминот „скршено срце“ често се користи во преносна смисла, станува збор за вистински медицински феномен познат како „синдром на скршено срце“ или Такотсубо кардиомиопатија. Ова е состојба што може да доведе до срцев удар, најчесто предизвикан од екстремен емоционален стрес.

Иле Гоцевски, возач на Брза помош од Кочани, по трагедијата во дискотеката „Пулс“, цела ноќ без одмор ги превезувал повредените и настраданите, главно малолетници и тинејџери. По 40 часа напорна работа, сведочејќи сцени што ќе останат врежани во историјата како најголема трагедија во нашата земја, накратко се вратил дома да се одмори – но неговото срце не издржало.

– Многу ми е тешко. Работеше 40 часа. Дојде со колега и рече дека е преморен. Бараше инфузија за да се опорави, бидејќи мораше да се врати во болница да помага. Ми рече дека е уморен и легна да спие. Ми беше чудно што не стануваше четири-пет часа. Само почувствував како нешто да ме прободе и викнав: „Иле, Иле!“ Не се одѕва… – низ солзи раскажува неговата сопруга, Анета Гоцевска, за српски Телеграф.

Иако терминот „скршено срце“ често се користи во преносна смисла, станува збор за вистински медицински феномен познат како „синдром на скршено срце“ или Такотсубо кардиомиопатија. Ова е состојба што може да доведе до срцев удар, најчесто предизвикан од екстремен емоционален стрес.
Според проф. д-р Милјко Ристиќ, светски познат кардиохирург, овој синдром станува сè почеста дијагноза во медицината.
– Во стресни ситуации, како што се загубата на сакана личност, смрт или силна траума, телото лачи големи количини адреналин, што може да биде штетно за срцето. Овој хормон ги стеснува артериите, што го намалува протокот на крв и може да доведе до срцев удар. Симптомите вклучуваат болка во градите, аритмии, недостаток на воздух… – објаснува Ристиќ.
Иако кај помладите лица оваа состојба е ретка бидејќи нивните крвни садови се поздрави, сепак можат да завршат на преглед кај кардиолог доколку симптомите се изразени.
– Луѓето кои минуваат низ силни емоционални стресови треба да се обидат да земат благо средство за смирување. Ако симптомите како болка во градите и гушење не поминат, треба веднаш да побараат лекарска помош – советува Ристиќ.
Овој синдром се споменува во медицината од 1991 година, а првите објаснувања за неговите причини ги дал американскиот психијатар Џорџ Енџел во 1971 година. Според него, неколку фактори можат да предизвикаат синдром на скршено срце, меѓу кои:
смрт или загуба на сакана личност,
страв од губење на блиска личност,
акутна тага,
животозагрозувачка ситуација,
губење на статус,
повторно обединување или момент на триумф.
Стручњаците предупредуваат дека луѓето со веќе постоечки кардиоваскуларни заболувања имаат значително поголем ризик од овој синдром.

За жал, токму големото срце на Иле Гоцевски, кое безусловно помагаше во најтешките моменти, не успеа да ја издржи тежината на трагедијата што го потресе целиот регион.
Инаку, овој синдром во денешно време е почест кај жените, а студиите покажале дека жените во климактериум се поизложени на ризикот од настанување на овој синдром поради намаленото ниво на естрогени хормони во крвта.
Честопати овој синдром некои доктори погрешно го дијагностицираат и третираат како акутен коронарен синдром поради сличните симптоми и резултати од крвните анализи.
Разлика помеѓу овој синдром и акутниот коронарен синдром е брзиот пик на срцевите маркери кои пократко се задржуваат покачени во крвта, и наодот од коронарната ангиографија кој не дава податок за запушување на крвни садови на срцето .
Кај повеќето од луѓето има брзо и целосно опоравување, ако навреме се дијагностицира и правилно лекува. Затоа, ако препознаете еден од симптомите (болка во градите, аритмии, недостаток на воздух), посетете лекар, без одложување.
epp2