Кога е во прашање црвениот килим познатите дами со часови претходно се разубавуваат за да изгледаат одлично.
Но очигледно тоа не го прават сите! Имено, поранешната 52 годишна манекенка Синди Крафорд објави селфи на црвен килим на кој од шминка има само дискретно нанесен кармин за усни. Таа со оваа фотографија ги потсети обожавателите зошто со децении беше еден од најпознатите супер-модели, а за „излегување“ на „црвениот килим“ одлучи да носи обична бела памучна маица.
https://instagram.com/p/BhMm0sQg_5C/?utm_source=ig_embed
Но за волја на вистината, поранешната манекенка не се прошета на црвениот килим, туку легна на него, а главата ја потпре на необична перница.
„Puppy pillow“ – напиша Синди, а нејзиниот љубимец исто така ги воодушеви сите со својата убавина.