Реклама
MAMAКафе муабет

Дали знаевте дека постојат симптоми на „болна куќа“? Проверете дали се дел од вашиот дом!

Реклама

Симптомите на лошо здравје се влошуваат кога човек ќе помине повеќе време во куќа со лоша енергија. Симптомите може да исчезнат кога ќе ја напуштите „болната“ куќа или зграда.

ФОТО: fiverr.com

Старите куќи, просториите со лоша вентилација, лошо осветлување, зграда на лошо место, премногу влажно или премногу суво подрачје може да бидат штетни… Покрај физички, некои услови може да придонесат да се влоши и вашата психичка состојба.

Прво, ако куќата нема доволно добро осветлување, има лоша вентилација, полна е со влага и врева, во неа може да се чувствувате многу лошо и може да ви биде опасна по животот. Во таквата куќа се јавува слабост, чудни алергии, ве боли главата, а сонот е лош. Личноста доживува физичка непријатност, а може да се јави и раздразливост.

Маркетинг

Губењето сила и лошото расположение може да се претворат во депресија. Може да се развие зависност од супстанци, личноста почнува да пуши или да пие, со цел да се смири. А сето тоа се влошува. Нема одмор, нема мир и се чувствува анксиозно и лошо. Исто така „куќата може да се разболи“ ако имало некоја страшна или тажна случка во неа. Злочинот или некоја болест може засекогаш да остане во ѕидовите на таа куќа. Долгорајните кавги, скандали, несреќи кои ги доживеале сопствениците, лични немири… сето тоа може да влијае на вашето ментално здравје.

Главниот знак дека сте живееле во „болна куќа“ е дека вашето психичко и физичко здравје значително се подобрува откако ќе ја напуштите таа куќа. Здравствената состојба се влошува ако продолжувате да живеете во место од каде што извира негативна енергија.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button