Типичните симтоми кои откриваат дека јадете премногу шеќер се брчки на челото, опуштена кожа под очите, уморен изглед, болни акни по целото лице…
Доколку консумирате премногу шеќер, ќе почувствувате декавашата кожа е опуштена (особено под очите), а брчките и линиите се видливи и тоа посебно на челото, а според кинеската медицина, тоа подрачје на лицето е поврзано со варењето. Исто така тенот може да ви биде блед или сиво-жолт, затоа што шеќерот го поттикнува нивото на инсулин, кои може да предизвикуваат прекумерно лачење на кортизол.
Наглото зголемување на инсулин може дополнително да ја оптерете надбубрежната жлезда, која, меѓу останатото, го контролира растот на вегите, па тенките и ретки веги може да предупредуваат на проблеми со таа жлезда.
Дури и ако само малку го намалите внесот на слатки работи, на тенот ќе забележите големи промени. За најдобри резултати целосно престанете да јадете слатки, рафинирани јаглехидрати и преработена храна.