Доколку ги погледнете колекциите на познатите светски дизајнери како Стела Макартни и Ралф Лoрен првото нешто што ќе го забележите е тоа дека оваа зима ќе биде во знакот на волната.
Topshop
Кај Стела, во преден план се џемперите, одлично парче облека кое не само што е идеално за студените денови, туку е и прилично модерно. Со џемперите можете многу лесно да ги прикриете недостатоците и да изгледате фантастично.
Џемперите визуелно го издолжуваат телото, додека оние што имаат јака го привлекуваат вниманието кон лицето и ги балансираат широките колкови.
Од друга страна пак Ралф Лорен и Вивиен Вествуд го претставија шкотскиот, односно руралниот стил, а тука се и прекрасните волнени капути и здолништа на Барбери Прорсум кои се извонреден начин класичната волна да се вклопи во едноставни дневни или вечерни комбинации…
ВИДИ ПОВЕЌЕ » |