Погледнете како носат џемпери оваа сезона нашите омилени блогерки, модни уреднички, модели и познати трендсетерки.
Доколку не сте во можност да хибернирате под две-три ќебиња за време на студените зимски месеци (поради работа или поради вашиот социјален живот) најдоброто нешто што можете да го направите за оваа сезона е да го пробате новиот тренд со големи топли џемпери. Покрај тоа што ќе ви држи топло, со него можете да го камуфлирате мамурлакот, да ги сокриете вишокот килограми и да заборавите на чувството на подуеност (НЕ дека некогаш сте се прејале, нели?) и секако ќе бидете секогаш пресреќна кога ќе го носите и кога нема да чувствувате дека смрзнувате. Негативна страна? Паа.. оверсајуз џемперите понекогаш можат да направат да се чувствувате помалку.. шик и секси. Но, не предавајте се предвремено…
Бел џемпер во слоевита комбинација + скинати фармерки + патики. Оу је!
Погледнете ги овие девојки и инспирирајте се како да ги носите вашите омилени оверсајз џемпер и притоа да не изгледате чудно и смешно.
Сив џемпер и сиви панталони – супер комбинација, особено откако ќе завршите со книгата „50 нијанси на сиво“ и пред да излезете на викенд прошетка со.. па со него, се разбира!
Шик комбинација со која можете да се шармирате и самите себеси!
Погледнете ги и останатите предлози ….