CelebrityИнтервју

Сигурна сум дека татко ми е горд на мене – искрено со Анета Љумаковска

„Талентот го наследив од моите родители, а нај повеќе од мојот татко на кој секогаш ќе се сеќавам со гордост“ вели Анета за Гламур

Реклама
Реклама

Анета Љумаковска е најдобриот женски вокал кај нас, која може да отпее се со леснотија, што кога ќе ја слушаш едноставно  ти ја милува душата. Таа е повеќе од 25 години на македонската фолк сцена, многу песни испеани, многу фестивали, настапи.

Навидум скромна, но за себе вели дека е храбра, борбена, решителна  и дека се бори за тоа што го сака. Со неа поразговаравме за нејзиниот професионален, но и приватен живот. Што сé ни откри познатата пејачка, откријте во продолжение…

Приватна архива

Повеќе од 25 години сте на фолк сцената, многу песни, многу настапи, се сеќавате ли на првиот ваш настап и колку сте задоволна од она што сте денес?

Како да не се сеќавам на првиот настап. Тоа беше еден детски фестивал во Битола и ќе го паметам додека дишам.

Маркетинг

Тоа ми беше прво искуство пред публика и да бидам искрена се чувствував како да сум сама на бината и како никој да не ме гледа. Толку бев опуштена и полна со самодоверба (хахаха)

А од тоа што сум денес? Презадоволна и горда на се што сум направила и што сум постигнала до сега.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Од каде талентот за музика? И како започна вашата музичка приказна?

Талентот го наследив од моите родители а нај повеќе од мојот татко на кој секогаш ќе се сеќавам со гордост.

Тука била и мојата баба која едвај ја паметам само слушам тоа што ми кажуваат дека многу убаво пеела меѓутоа тогаш било срамота една жена да е пеачка и не успеала во тоа. Во секој случај потекнувам од музикално семејство. А мојата музичка приказна изгледа пред да се родам (хахах) бидејќи од кога знам за себе јас пеам и од 6 години сум знаела што ќе бидам кога ќе пораснам. А тоа е ова што сум сега.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Вие сте најдобриот женски вокал кај нас пеете се, ви годи ли кога ќе Ви го кажат ова и дали тоа ви е природно да можете се да пеете или можеби сте земале некои часови по пеење за да можете да ги изнесете добро сите стилови?

Да, тоа го кажуваат за мене и јас сум пресреќна што е тоа така и секако дека ми годи. Искрено ова што го поседувам е дар од Бога. Nикогаш не сум посетувала часови по пеење, се е само многу слушање секаква музика, меѓутоа, морам да бидам искрена, за да се слуша се треба да те привлекува музиката. Најважно е да се има желба пред се,  а јас имав желба да слушам секаква музика и да можам да отпеам се.

Велат гласот е инструмент кој е дар од бога и треба многу да се негува и чува, како Анета го чува гласот има ли нешто што практикувате за да си го чувате ?

Искрено не практикувам нешто посебно, единствено што правам се пазам на моите настапи и не се форсирам многу, затоа што овој инструмент што го поседувам јас се троши и не се купува кога ќе се расипи.

Имавте прилика да се претставите и во соседна Србија каде беа воодушевени од вашиот вокал. Сметате ли дека е тешко да се пробие македонски пеач на нивната естрада и зошто?

Уште кога почнав да се занимавам со пеење желба ми беше да стапнам некогаш на таа голема сцена и секогаш се замислував како пеам на таа сцена. Тогаш беше многу тешко да се отиде таму и да се успее. По многу години ми се исполни желбата и запознав многу пејачи од Србија. Сакам од време на време да се појавам таму меѓутоа сепак ќе си останам во мојата земја и во нашата естрада каде што најмногу се пронаоѓам.

Што ни треба нам односно Вам пејачите за да бидете вреднувани и платени како нив?

Во секој случај ниe треба да сме повредни, да работиме, да снимаме нон стоп нови песни, а најважно од се’ – да се цениме повеќе меѓусебно. А тоа за жал го нема, кај нас побргу би отишле на концерт на некој српски пејач отколку на некој наш колега. Немам ништо против колегите од соседството меѓутоа треба прво сами да се цениме.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Родителството е една сериозна работа. Каква мајка е Анета и колку сте задоволни од она што е денес вашата ќерка?

За жал не можев да поминам многу време заедно со мојата ќерка, меѓутоа можам да се пофалам дека сум одличен родител кој се грижи за своето дете. И да бидам искрена сега сме поблиски од кога било иако е далеку од дома каде што си има оформено свој живот.

И со гордост можам да кажам дека е израсната во една прекрасна личност на која сум бескрајно горда.

Кога не би биле пеачка што би работеле?

Никогаш не сум размислувала на ова бидејќи музиката е мојот живот и ќе пеам се додека ме држи гласот.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Како би се опишала Анета со неколку збора, кои ти се доблестите а кои маните?

Храбра, борбена, решителна се борам за тоа што го сакам и ако можам ова да го наречам маана “себична“ бидејќи во денешно време мора да си таков за да успееш во животот. Прво да се цениш сам за да те ценат и другите. Ова неодамна го сфатив.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Ослабевте многу и го сменивте стилот, како успеавте имавте некоја диета или?

Едноставно само ја отстранив храната што ми правеше проблеми толку години и со самото тоа што ми се смени телото веќе станав и по самоуверена и видов дека конечно можам да облечам што сакам и да го сменам стилот од корен.

Неодамна имавте загуба во семејството нешто што е многу болно кога ќе загубите родител, како се справувате со ваква голема болка, дали можеби песната во ја лекува душата со оглед на тоа дека твојот татко беше твој голем поддржува?

Болна е загубата на родителот, меѓутоа животот оди понатаму. Тоа што ме подржуваше во мојата кариера, ете тоа ме прави да продолжам понатаму бидејки сум сигурна дека е горд на мене каде и да е и во никој случај не би сакал да престанам со пеење.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Што ве прави среќна, а што ве растажува најмногу?

Ме прави среќна работата пред се знам да се радувам на се што е убаво но знам и да се растажам многу брзо.

Многу сум емотивна меѓутоа избегнувам да се растажувам бидејќи сфатив дека е животот многу краток и не треба да помини во тага. Сакам да бидам позитивна и полна со живот

Кој е вашиот најголем страв?

Единствено се плашам од Бога друго ништо не можи да ме исплаши бидејќи од тоа што ни е пишано не се бега.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Може ли да ни споделите некој интересен рецепт за читателите на Гламур и дали сакате да готвите?

Многу сакам да готвам, секако тоа што е здраво. Редовно пратам рецепти со јадења кои не се калорични сеедно дали е тоа благо или солено. Љубител сум на благо и затоа секогаш дома имам банани путер од кикирики или кокос и правам колачи од овие состојки за кои треба многу малку време само 20 мин. во рерна.

Како се негува Анета, имате ли правено некои естетки корекции и ако не дали во иднина би направиле?

Секако дека се негувам како и секоја жена. Ништо посебно меѓутоа пазам што ставам на лицето. А ако кажам дека немам направено корекции ќе излажам. Секако дека имам меѓутоа минимално за сето тоа да изгледа природно но сепак јас да бидам задоволна со својот изглед бидејќи првенствено тоа го правам за себе

Каде и како ги полните батериите?

Уживам во домашна атмосфера и домот ми е единственото место каде што ги полнам батериите

Приватна архива

Сега сте со „Дакапо бенд“, што може да ни најавите за во иднина?

За почеток со Дакапо снимивме проект кој е веќе на youtube каналот имаме многу да работиме , секако дека ќе има и нови песни нови проекти турнеи. Јас искрено се надевам дека ќе направиме многу и дека нашата публика ќе биде задоволна и ќе има што да слушни и да види.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button