Си замина кучето Феликс – ќе станеме ли сите нечовекот со железото по глава?
Дали со Феликс замина и нашата надеж за преобразување на општеството?
Збогум за човечноста! Таков е денешниот ден кој ни ја отсликува живеачката.
Си замина Феликс. Во ЈП Лајка утринава почина кучето кое го нарекоа (и ние со нив) Феликс, кучето кое кон средината на ноември беше тепано со стап по глава пред складиштето во Момин Поток.
Иако вработените во „Лајка“ вложија натчовечки напори да го спасат кучето кое имаше сериозни повреди на главата, тоа храбро се бореше за својот живот, но, за жал, не успеа.
„Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот на Феликс, тој сепак нè напушти и си го најде конечно својот вечен мир.Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба дека можеби ќе успееме заеднички во оваа незвозможна мисија“, соопштуват од „Лајка“.
Од Лајка додаваат дека кучето покажувало бројни „подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови Феликс доби напад кој за него беше фатален како резултат од многу здравствени компликации.Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен“.
Дали со Феликс замина и нашата надеж за преобразување на општеството, на нечовечноста во човечност?
Лесно, како рака на џелат.