NEWSВести

Си доби уште една награда Горан Узунски, комунален работник кој со солзи во очите ја прими благодарницата од новиот градоначалник

Advertisement

По примопредавањето на градоначалничката функција новиот Градоначалник Иван Гоцевски првата службена обврска што ја направи на првиот свој работен ден е доделувањето на посебно Признание на Горан Узунски за неговата посветена работа во изминатиот период.

Горан Узунски како вработен во ЈКП “Брегалница” Делчево е најпосветениот работник кој што ја одржува јавната чистота на јавните површини во Делчево, кој што постојано граѓаните можат да го видат на неговото работно место низ цело Делчево, прибирајки ги отпадоците кои што несовесни граѓани ги фрлаат на јавни површини.

Advertisement

Неговиот пример е силна порака за сите граѓани на Длечево да се однесуваат поодговорно при депонирањето на отпадоците на соодветно означените места за таа цел, но и пример за работник кој што е целосно посветен на својата работа без разлика на сите предизвици на работното место.

Горан Узунски е пример за работник на кој што може да се угледаат сите граѓани, што како аргумент го истакна и Градоначалникот Иван Гоцевски пред сите вработени во општинската администрација при што доби бурен аплауз од сите вработени во ЕЛС Делчево.

Градоначалникот Иван Гоцевски му ја изрази својата лична благодарност и пред присутните му соопшти дека ќе ја донира својата градоначалничка плата за поддршка на трудот и залагањето на Горан Узунски.

Advertisement

Комплекс Брички му доделува гратис СПА викенд на Горан Узунски, највредниот работник во ЈКПД Брегалница – Делчево — за неговата посветеност, искреност и примерна работа.

„Благодариме што со својот ангажман придонесува за поубаво и почисто Делчево!
На Горан му посакуваме пријатен и мирен одмор во природниот рај на Комплекс „Брички““, посочуваат од комплексот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button