Скорпиите се многу верни, искрени, знаат да ги чуваат вашите тајни, но ја ценат и вашата искреност и верност. Само затоа што не кажуваат ништо, не значи дека не забележуваат се’ што се случува околу нив.
Ако им подадете рака во неволја, тие тоа ќе го паметат целиост свој живот. Не се плашат од никој и ништо. Кога ќе почнете битка со нив, подобро е да бидете подготвени за борба. Тие немаат што да загубат. Не можете да ги контролирате, не можете да ги победите, затоа најдобро е да им се придружите. Кај нив никогаш нема да видите сарказам, а ако се обидете да повредите некој нивен близок, тогаш тие се во состојба да ви се одмазат на најлошиот можен начин.
Запаметете дека со нив или треба да бидете или не, не сакаат да бидат резервна опција. Размислуваат силно и длабоко и инутитивно препознаваат што е вистина, а што лага. Добро проценуваат луѓе, па ако не веруваат некому, сигурно има причина за тоа. Немаат трпение. Имаат само брза реакција на глупости.