Реклама
MAMAКафе муабет

Што значи да се биде мајка, домаќинка и вработена жена?

Реклама

Само мајка? Не можам да поднесам кога некој ќе ми рече дека јас сум само мајка!

ФОТО: telegraph.co.uk

Да, јас сум мајка. Тоа ме прави аларм, готвачка, келнерка, учителка, медицинка сестра, мајстор, заштитничка, фотограф, советник, менаџер, декоратор, фризер, личен асистент, банкомат… А да, јас сум и таа која ги брка вештерките ноќе.

Јас не сум платена, немам годишен одмор или боледување. Работам и ден и ноќ. Јас сум на располагање 24/7. Тоа е „ДА СЕ БИДЕ САМО МАЈКА“!!! Јас можам да бидам ништо за вас, но сум се’ за некого. Ќе направам се’ за своето дете… и пак ли ќе кажете дека сум само мајка?

Маркетинг

Покрај тоа што сум мајка, морам да бидам и сопруга, пријателка, и ќерка и сестра и тетка и… Ако имам слободно време, тогаш подготвувам нови рецепти за моите најмили, изработувам рачен накит, создавам убаво катче за најсаканите.

Јас сум и вработена жена која станува многу порано од сите, за потоа навремено да стигнам на работното место и да започнам со мојата дневна рутина. Кога завршувам со работа, на пат кон дома размислувам што ќе јадеме утре, затоа што за денес зготвив вчера.

Маркетинг

Пак ли ќе се осмелите да речете дека јас сум САМО мајка?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button