Водата е чест симбол во нашите соништа. Соновите со вода може да имаат различни значења и да разбудат различни емоции во вас. Водата во соновите обично е симбол за освежување на емоциите и креативна енергија.
Сонување чиста и мирна вода
Доколку во сон видите чиста и мирна вода, тогаш тој сон укажува на тоа дека сте мирни и спокојни. Во вашиот ум сѐ е во најдобар ред и нема што да ве мачи.
Сонување матна вода
Матната вода во сон укажува на негативните емоции кои ве обземаат. Немате свој внатрешен мир и спокој и полни сте со омраза.
Сонување длабока вода
Длабоката вода во сон претставува опомена за вас да бидете внимателни. Во наредниот период ќе имате доста проблеми на работа и мора да се изборите со нив на најдобар можен начин.
Сонување како одите по површината на водата
Ако сонувате како одите по површина на водата, тоа е знак дека во целост ги контролирате своите емоции и не дозволувате тие да ве совладат. Сонот во кој одите по вода укажува на вашата самопочит и верба во себе.