Диети

Што ви таложи сало на стомакот, па дури и да вежбате – сменете го само ова и ќе видите резултати

Зошто по 40-тата година стомакот станува најголем предизвик?

Advertisement

Масните наслаги околу стомакот се еден од најчестите проблеми кај жените по 40-та година. Иако редовното вежбање е корисно и неопходно, експертите предупредуваат дека само со тренинг не може да се постигне рамен и цврст стомак ако постојат секојдневни навики кои го саботираат целиот труд.

Седењето – невидливиот непријател

Личната фитнес-инструкторка и нутриционистка Нина Чери објаснува дека долготрајното седење е клучен фактор кој доведува до насобирање маснотии на стомакот.

Advertisement

„Ако поголемиот дел од денот го поминувате во седење, тој еден час тренинг едноставно не е доволен по 40-тата година“, вели таа.

Долгото седење влијае на карлицата, ја нарушува нејзината положба и доведува до тоа маснотиите да се таложат под и над стомачните мускули.

пекселс

Недостаток на сон – тивок саботер

„Сонот е најважната работа за губење на маснотии на стомакот, веднаш по вежбањето“, нагласува Чери.

Advertisement

Хроничниот недостаток на сон го нарушува метаболизмот и го зголемува нивото на хормонот кортизол, кој е директно поврзан со акумулација на масни наслаги во абдоменот.

Нередовни оброци – сигурен пат до наслаги

Честа грешка кај многу жени е оставањето предолги паузи помеѓу оброците.

„Ако имате многу долг период без храна, ќе имате стомак без разлика што правите“, предупредува нутриционистката.

Оваа навика го тера телото да складира резерви во форма на сало, особено околу критичната зона на половината.

Нереални очекувања

Нина Чери додава дека жените по 40-тата често имаат нереални очекувања:

„Ако не живеете како професионална спортистка, не можете да очекувате стомак како спортистка.“ Телото се менува со возраста, а стратегиите за одржување на форма мора да бидат прилагодени на новите услови.

пекселс

Како до подобри резултати?

Експертите советуваат дека по 40-тата годинина мора да ги воведете овие навики:

Внесете повеќе движење во текот на денот, не само во текот на тренингот.

Обезбедете квалитетен и доволен сон секоја ноќ (минимум 7 часа).

Јадете редовно, со правилен распоред на оброците.

Намалете го стресот колку што можете повеќе и посветете внимание на правилната положба на телото.

Со правилна комбинација на вежбање, исхрана, сон и активен животен стил, можно е да се намали масното ткиво на стомакот и по 40-тата година и тоа за брзо време и без преголем труд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button