Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Еве што ви предвидуваат ѕвездите за денешниов ден

Реклама

Еве што ви предвидуваат ѕвездите за денешниов ден.

Овен

Денес ќе бидете вистински иницијатор и лидер, но по малку импулсивни. Оваа енергија која денес ве поведува искористете ја на разумен начин, мотивирајте се себеси но и другите. Денот е одличен и за нови познанства и средби.

Бик

Малку ќе бидете загрижени поради односите на работа, а ќе имате и некои проблеми со реализација на плановите. Освен ова, од друго ќе бидете задоволни. Денот ќе ви биде напорен во емотивна смисла, при што ќе имате и несогласувања со саканата личност.

Маркетинг

Близнаци

Потјано ви е драго што со своите коментари успеавте некој „да спуштите“ на земја. Всушност, некои колеги толку претераа, при што не можевте да се воздржите. Вие сте во фаза кога повеќе сакате да се дружите со пријателите, отколку со саканата личност.

Рак

Доста ќе брзате и ќе ви се чини дека сите работи ги завршувате буквало во последен момент. Ви пречи што на работното место ја немате онаа позитивна енергија. Тешко ќе излегувате на крај со однесувањето на саканата личност. Незадоволството е присутно.

Маркетинг

Лав

Сметате дека некој од вашите колеги или блиски соработници ги премина границите кои вие ги поставивте. Ќе се обидете да не реагирате импулсивно, но сепак нема во целост да успеете да се справите со ова.

Девица

Денес ќе слушнете добри вести во врска со некоја документација која ви беше потребна и која ја очекувавте. Сега е време да разработите понатамошни стратегии. Мило ви е што вашата сакана личност ве поддржува и лесно ќе ги преминете несогласувањата со неа.

Вага

Малку сте енстрпливи и импулсивни, па не можете да дочекате работите да се вратат во својот ред. Колку и да се трудите, со нервоза нема да постигнете ништо. Малку ќе ви се разложат односите со саканата личност и ќе се чувствувате дистанцирано.

Скорпија

Денес одлично ќе се сложувате и со вашите деловни партнери и со колегите. Буквално сѐ ќе функционира „како подмачкано“, само повремено може да имате малку несогласувања со вашиот партнер. Можно е да не успеете да се вклопите во сите идеи.

Стрелец

Овој ден е добар за какви било договори. Искористете го ова зашто ќе имате енергија да завршите многу работи. Денес се можни и нови познанства, интересни луѓе, а и вие ќе бидете отворени за авантури.

Јарец

Малку сте напнати поради големиот број обврски кои стојат пред вас, а надредените постојано ви упатуваат критики и ве брзаат. Сконцентрирајте се добро за да не правите грешки. Денес ќе постои и некое недоразбирање со личност која ви е драга.

Водолија

Ви пречи што некој постојано ви дава памет кога се во прашање вашите постапки во деловниот сегмент. Најтешко ви паѓа тоашто сте свесни дека оваа личност е во право, но тоа не сакате да ѝ го признаете. Во однос со саканата личност ќе бидете малку саркастични.

Риби

Залудно се обидувате да убедите некои луѓе дека не ги прават работите како што треба. Очигледно е дека тоа нема да вроди плод, па наместо да се мачите, оставете ги да се трудат и свртете се кон своите обврски – има многу работи што ве чекаат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button