Можеби никогаш не сте размислувале за тоа, но одредени намирници имаат дејство на вас: Или ве будат, или ве успиваат.
Можеби никогаш не сте размислувале за тоа, но одредени намирници имаат дејство на вас: Или ве будат, или ве успиваат. Ова е корисно да го знаете, затоа што сигурно постојат ситуации кога не би требало, не смеете или не сакате да делувате ненаспиени.
Погледнете кои намирници ви помагаат за подобар сон.
Овесната каша можеби е ваш омилен лесен појадок, но би било пожелно да ја комбинирате со кафе, за да успеете да го поминете целиот ден. Овесните зрна природно го подигнуваат нивото на шеќер во крвта и прават да се чувствувате поспано. Овесот исто така е богат со мелатонин кој го опушта телото и ви помага полесно да заспиете. Доволна е и малку бадеми за во краток период да забележите како ви се приспива. Медот содржи глукоза која му „зборува“ на вашиот мозок да го исклучи орексинот, хемикалија позната по зголемување на будноста.
Една лажица мед за добар сон е сосема доволна.
Житарките исто така имаат тенденција да го подигнат нивото на глукоза во крвта, но еднаш кога ќе опадне тоа ниво, паѓа и енергијата. Поради тоа лебот е полн со зрна и погоден е тогаш кога трошите калории со вежбањето, но не и ако јадете големи количи во текот на ручекот. Магнезиумот и калиумот од бананата служат како релаксатори за мускулите и нервите. Витаминот Б6 од овошјето исто така ви помага при опуштањето и поспаноста.