MAMAДом и семејство

Што се случува во детскиот ум кога родителите се разведуваат – како да му се помогне

Родителите за едно дете се главниот столб на сигурност. Кога тој систем се нарушува, децата често чувствуваат дека нивната основа е срушена. Така настанува силна анксиозност, чувство на небезбедност и постојана напнатост.

Advertisement

Кога родителите се разделуваат, често целото внимание е насочено кон правните постапки, поделбата на имотот или новите животни околности. Но, она што најчесто останува во сенка е внатрешниот свет на детето кое минува низ оваа голема промена.

Повеќето анализи за последиците од разводот се фокусираат на однесувањето на децата и нивните реакции, но ретко се објаснува како тие ја доживуваат самата ситуација. Според психотерапевтите, токму начинот на кој децата го преживуваат разводот на родителите, може да доведе до развој на долгорочни емоционални обрасци и погрешни уверувања.

Advertisement

Психотерапевтот Иван Шопер укажува дека постојат четири најчести емоционални предизвици со кои се соочуваат малите деца при развод на нивните родители.

пекселс

Чувство на беспомошност

Многу деца, иако не можат да ја спречат разделбата, се надеваат дека ќе успеат повторно да ги обединат своите родители.

Кога оваа надеж ќе се покаже како невозможна, се создава чувство на потполна немоќ. Дополнително, децата немаат контрола врз своите нови околности – не одлучуваат кај кого ќе живеат, распоредите им се менуваат, понекогаш мора да го сменат училиштето и одеднаш имаат два дома.

Advertisement

Оваа немоќ може да ги натера да се повлечат и да поверуваат дека нивните желби не се важни, или пак да развијат спротивен механизам, односно, потреба да контролираат сè, што резултира со чести конфликти дури и околу ситници.

Страв дека светот им се распаѓа

Родителите за едно дете се главниот столб на сигурност. Кога тој систем се нарушува, децата често чувствуваат дека нивната основа е срушена. Така настанува силна анксиозност, чувство на небезбедност и постојана напнатост.

Како заштитен механизам, децата можат да развијат претерана внимателност и постојан страв од нови проблеми. Родителите во вакви ситуации имаат клучна улога – со разговор и охрабрување треба да им дадат до знаење дека, и покрај разделбата, возрасните остануваат одговорни за сите предизвици и дека тие не се оставени сами во новата реалност.

пекселс

Потреба да изберат страна

Разводите речиси секогаш носат конфликт, отворен или прикриен. Иако родителите се трудат да ги заштитат децата, тие секогаш чувствуваат или забележуваат дека постои нетрпеливост. Бидејќи го поедноставуваат светот, често почнуваат да го гледаат едниот родител како „добар“, а другиот како „лош“. Тоа ги става во позиција да се чувствуваат виновни доколку сакаат да бидат блиски со двајцата.

Психолозите предупредуваат дека за да се намали оваа штета, родителите никогаш не смеат да го ставаат детето во улога на посредник, ниту да го оптоваруваат со негативни коментари за поранешниот партнер, односно за едниот родител. Детето мора да знае дека има право да ги сака двајцата родители без вина и без страв.

Преземање вина

Малите деца често не разбираат што значи брачна врска и зошто завршува. Во обид да си дадат објаснување, тие понекогаш ја прифаќаат вината врз себе. „Јас сум лошо дете, затоа тато и мама се разделија“ е наратив кој може да остави длабоки траги врз личноста на детето.

Чувството на срам и самообвинување може да се појави во секојдневното однесување преку прекумерна самокритика или самоказнување. Тука е пресудно родителите јасно да им стават до знаење дека тие не се причина за разводот и дека љубовта кон нив останува непроменета.

Улогата на родителите

Иако разводот секогаш е болна и комплицирана животна промена, родителите можат значително да го ублажат неговото влијание врз децата.

Најважно е да постои отворена комуникација, искрено именување на емоциите и постојано уверување дека детето е сакано и заштитено.

Според стручњаците, навремено препознавање на овие емоционални обрасци може да спречи тие да се вкоренат и да преминат во сериозни психолошки проблеми во подоцнежниот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button