Што се случува со „Ѕвездите на Гранд“?! Пo победата на Македонецот шок промени во најгледаното шоу
По големото финале што се случи неодамна, кога победи Никола Станишиќ, најпрво Марија Шерифовиќ ги изненади сите со веста дека заминува од шоуто, а сега уште еден член од жирито реши да го направи истото...

Вест што изненади многумина
По Марија Шерифовиќ и Драган Стојковиќ Босанац го напушта популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Од друга страна се огласи и првиот човек на телевизија Пинк и соопшти дека Босанац ќе биде дел од новите „Пинк ѕвезди“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Оваа вест изненади многумина, посебно што веќе со денови се шушка и за новото шоу на розовата телевизија.
Па така деновиве најпрво беше откриено дека контроверзниот српски репер Десингерица ќе биде дел од ова шоу, а се шушка дека и една од најголемите ѕвезди што некогаш се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“, Теа Таировиќ, исто така би можела да биде дел од новата емисија (повеќе за ова прочитајте тука).
Принтскрин/ Јутуб
Како што откри и самиот Жељко Митровиќ, Босанац и Десигнерица нема да бидат единственото големo изненадување.
„Босанац сега, покрај Десингерица, со уште три големи изненадувања, ќе биде член на жирито на Пинкови ѕвезди, или подобро да кажеме член на групата пет величествени, најспектакуларното талент шоу на сите времиња. За разлика од останатата продукција, во која досега бил во жири, ние на сите финалисти ќе им обезбедиме снимање песни, спотови и ќе им обезбедиме медиумска промоција, плус 30.000 евра за победникот, 20.000 евра за второ и 10.000 евра за трето место, напиша Жељко на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По оваа вест се огласи и самиот Босанац кој откри дека во „Ѕвездите на Гранд“ бил поканет од Саша Поповиќ, па и заради него останал 15 години во популарното шоу. Но по неговата смрт, Босанац донесе одлука да замине и да биде дел од старо-новиот формат на Пинк.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Потсетуваме, претходно и Марија Шерифовиќ ги шокираше сите кога самата откри дека повеќе нема да биде дел од жирито.
Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Големо изненадување беше и веста дека Дара Бубамара доаѓа на нејзино место, а повеќе за ова прочитајте тука.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Што се однесува до Шерифовиќ, таа се огласи веднаш по финалето во кое победи Македонецот Никола Станишиќ.
„Сите овие години беа многу повеќе од работа. Беше тоа едно големо, незаборавно искуство – полно со смеа, солзи, расправии, надежи и неверојатни млади луѓе кои ме инспирираа и потсетија зошто музиката има моќ да менува животи. Низ сите овие сезони растев и како уметник и како човек“ сподели Марија тогаш, па на крај му се заблагодари до небо на покојниот Саша Поповиќ што и дал шанса да биде дел од шоуто, но и можност да го учи занаетот од најдобриот.
„Ми беше чест директоре“, напиша тогаш Марија.