Што се случува со Жика Јакшиќ откако го пуштија од болницата?! Конено убави вести за водителот
Позната здравствената состојба на Жика Јакшиќ, неговиот пријател и колега откри детали за него

Во морето невистини, конечно убави вести за Жика Јакшиќ
Познатиот водител на емисијата „Никогаш не е доцна“ неодамна беше во болница, а сега е на домашно лекување.
И како што пренесуваат медиумите, на Жика ситуацијата од ден во ден му се подобрува, а сега за неговата состојба се огласи и рокерот Ѓорѓе Давид, кој откри непознати детали за неговиот колега.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Имено, Ѓорѓе се слушнал со Жика и од него добил гласовна порака која што, како што вели самиот, го смирила.
Давам се од себе, се трудам со сите сили, ти благодарам на убавите желни. Не се грижи, поминавме толку проблеми, ќе го надминеме и овој, наводно му одговорил Жика на познатиот рокер.
Инстаграм
Потсетуваме, Жика беше хоспитализиран откако се најде во тешка здравствена состојба, а по неколку дена беше пуштен дома.
Неговата состојба наводно се подобрува, а како што пренесуваат медиумите, Жика планира да замине и на бањско лекување.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тоа дека неговата здравствена состојба е подобрена и дека се чувствува добро беше соопштено и од продукцијата „Гранд“.
Тие истовремено и замилија да се почитува неговата приватност и да му биде овозможено потполно да се посвети на своето здравје и рехабилитација, како што поскоро би можел да се врати на своите секојдневни нормални обврски.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Пораката на Жика што треба секој да ја прочита
Жика во една од емисиите ги изненади сите со својот говор за доховноста, љубовта кон Бога и за материјалното.
Оваа негова изјава овие денови повторно беше во фокусот, посебно што ги критикуваше сите оние кои во потрага по материјалното, потполно ја заборавиле духовноста и потребата од Господ.
Повеќе за ова прочитајте тука >>