Реклама
LIFESTYLEВести

Што се случува со Луна парк во Скопје – Дали ова значи конечно отворање на омиленото место за децата?

Реклама

На нашата викенд прошетка којашто оваа недела одлучивме да биде Градски парк Скопје се изненадивме од глетката.

Кога последен пат сте поминале кај некогашен Луна парк?

Место што буди спомени на многу генерации. Убави поминати времиња, викенди полни со џагор и смеа. Така изгледаше некогаш Луна парк кој денес само ги краде воздишките откако ќе поминете оттаму потсетувајќи се на некое убаво време.

Маркетинг
фото: Гламур

И додека се уште стојат старите натписи и објави од медиумите дека скопјани конечно ќе добијат Луна парк, нема никакви нови известувања од страна на Градот. Грѓаните беа оставени со години да го чекаат овој момент да се отвори новиот забавен дел во паркот, омилениот за децата, но ни траг ни глас од такво нешто. По бројните ветувања на различни градоначалници и влади, не се мрдна ни со камче.

фото: Гламур

Да се потсеттиме како ни ветуваа дека ќе изгледа новиот Луна парк.

Маркетинг

Дополнително планирани се и аквариум и зоолошка во рамките на проектот.

фото: Гламур

Се започна во април 2017 година, во мандатот на Трајановски, неговата изградба беше проценета на околу 6,5 милиони евра и требаше да се гради етапно. Според проектот, во паркот требаше да има 27 реквизити, од кои три адреналински, шест семејни и 18 детски, но и лулашки, вртелешки и тобогани.
Шилегов го запре тоа што го започна неговиот претходник со образложение дека проектот не е добар и најави изградба на нов поголем забавен парк. Поради пандемијата со коронавирусот изградбата на забавниот парк речиси се заборави, а повторно стана актуелен како предизборно ветување на локалните избори во 2021 година.

Забарикадираниот дел покриен со куп трева и непровидна ограда го грди паркот. Остатоците од минатото испишани со графити и маркери покажуваат слика на едно изгубено време.  Но, се до неодамна.

фото: Гламур

Откако се наближивме накај некогашен Луна парк, што да видиме, одеднаш пред нас се отвори огромна порта, не може да се пристапи до неа бидејќи има ограда, но овојпат е видлива, се гледа исчистен простор, ѕиркаат реквизитите за забава.

фото: Гламур

Се запрашавме дали ова значи дека веќе серизоно се работи на ова ветување коешто скопјани го чекаат?

Активно се работи на партерно и хортикултурно уредување на просторот во Забавен парк Скопје, со што Скопје за првпат ќе добие забавен парк – велат од Градот.

фото: Гламур

Што друго ни останува освен да чекаме. Надежта последна умира…

фото: Гламур

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button