Наши ѕвезди

Што му се случува на Бомбакис? Носи лудачка кошула на автобуска станица, се однесува многу чудно?!

Бомбакис објави видео со кое ги насмеа сите

Advertisement

Позираше во необично издание, на автобуска станица…

Еден од омилените инстаграмџии во Македонија, познат како Бомбакис, се снимаше на автобуска станица во неговата населба.

Advertisement

И кога еден „случаен минувач“ помина покрај него и го праша што прави, Бомбакис ги изненади сите со одговорот.

Инстаграм/ Бомбакис

Имено, Бомбакис седеше на металната клупа на постројката, со неговите картони до него, но и со необичен детаљ во горниот дел, така што изгледаше како да носи лудачка кошула, што сите ги изненади.

Advertisement

Но уште помрднат беше неговиот одговор што следуваше откако го прашаа што прави тука, на автобуската станица.

Инстаграм/ Бомбакис

„Ништо еве, го чекам Томски да дојде со возот во 2.00“ вели тој, а на прашањето каков воз на автобуска, Бобмакис одговара:

„Брат, што има врска, јас сум инфлуенсер“.

„Бог да чува“, одговори соговорникот и си замина.

Инстаграм/ Бомбакис

Видеото што Бомбакис го сподели на социјалните мрежи ги насмеа сите, а во коментарите го означи својот колега.

„Сѐ е за забава и смеа. Освен @s.t.tomislav , он е за греота“ напиша тој.

View this post on Instagram

A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Потсетуваме, Кристијан Станковски – Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со многу работи и не може да најде адекватен збор за да опише што е по професија, но за македонската јавност е најпознат како „дечкото со картоните“ кој со своите објави на социјалните мрежи им го разубавува денот на многумина.

Инстаграм/ Бомбакис

Но пред неколку недели следуваше една од неговите најубави објави, кога откри дека со сопругата Вики добиле уште едно дете.

Па така тој во негов стил, со картони, откри дека ќеркичката Бисера си доби сестричка, но и дека втората ќерка ќе се вика Јована.

Инстаграм/ Бомбакис

По борбата со ракот на крајот од 20-тите години, Бомбакис сега во 30-тите тој ги живее најубавите мигови.

Во описот напиша:

„Богатство не се пари, богатство е ова. Жена ми е херојот што ми го подари најубавото нешто во животот. Бисера ме научи што значи да си татко, а Јована го направи светот уште посветол. Благодарен сум на Господ за моето семејство, мојата сила, мојата љубов, мојот свет“ напиша на Инстаграм „таткото со картоните“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button